Спам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
 
Испраќачите на спам често вложуваат голем труд за да го прикријат изворот на нивните пораки. Големи компании може да најмат друга фирма за да ги праќа нивните пораки, која потоа ги добива жалбите или блокирањето на адресите за е-пошта. Други се служат со маскирање (спуфинг) на адресите за е-пошта, оти спамерот може да стави туѓа адреса во полето за извор благодарение на тоа што протоколот за е-пошта ([[SMTP]]) нема автоматска автентикација. Со оглед на тоа што податоците за патот на пораката се запишуваат во заглавијата на пораките, некои спамери додаваат дополнителни податоци во нив со цел да ја наведат истрагата кон дополнителни, легитими сервери.
 
Спамерите сѐ повеќе користат мрежи од компјутери претходно намерно инфицирани со вируси (зомби-компјутери) за да го праќаат спамот. Зомби-мрежа е позната и како ботнет (роботска мрежа). Се проценува дека 80% од спамот преку е-пошта во јуни 2006 година, бил испратен од зомби-компјутери, за разлика од 30% од претходната година. Се проценува дека во јуни 2006 секојдневно биле испраќани над 55 милијарди спам-пораки, што претставува зголемување од 25 милијарди во однос на јуни 2005.<ref name ="ironport">{{cite press release |title=Spammers Continue Innovation: IronPort Study Shows Image-based Spam, Hit & Run, and Increased Volumes Latest Threat to Your Inbox |publisher=IronPort Systems, Inc. |date=28 June 2006 |url=http://www.ironport.com/company/ironport_pr_2006-06-28.html |accessdate=2007-01-05 }}</ref>
 
Спуфингот (прикривањето на појдовната адреса) има сериозни последици за корисниците на е-пошта кои не се спамери. Не само што нивните сандачиња за е-пошта се пренатрупуваат со пораки кои не може да се доделат (анг. "undeliverable" e-mails), покрај спамот што го добиваат, туку тие може по грешка да бидат сметани за спамери. Поради тоа не само што може да добиваат негативни реакции од други жртви на спамот, туку како резултат на жалбите до интернет провајдерит,е може и да бидат исклучени од интернет како обвинети за спамирање.
 
== Статистики и проценки ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Спам