Битка на Сутјеска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
== Текот на битката ==
 
Окупаторите и домашните предавници, по големи подготовки, во мај [[1943]] година презеле нов напад против [[НОВЈ]], познат како ''Петтата непријателска офанзива''. Нивната пешадија и тенкови од сите страни го стегале обрачот, а топови и авиони постојано го бомбардираа опколениот простор. Ситуацијата во која се нашла опколената главнина на НОВЈ била толку критична што членовите на [[Велика Британија|англиската]] воена мисија при Врховниот штаб предлагале партизаните да се предадат. Но, ниту на Врховниот штаб, ниту пак борците не мислеле да се предадат. Затоа Тито дал наредба непријателскиот обрач да се пробие во правец кон Источна Босна. Исцрпените партизански борци без доволно храна и муниција, но безгранично храбри, во почетокот на јуни тргнале во пробив на обрачот на понадмоќниот непријател. За време на пробивот најжестоки и решавачки борби се воделе при преминот на реката Сутјеска кај ТејнтиштеТјентиште. Борците јуришале в бој - гради во гради и притоа покажувале невиден хероизам. Затоа и загубите на двете страни биле големи. Во текот на борбите од бомбите на авионите на Оската бил ранет и врховниот командант Тито. И покрај тоа што војската на Оската била помногубројна и понадмоќна, единицте на НОВЈ успеале да ја разбијат и да си пробијат пат. Во борбите при преминувањето на Сутјеска загинале многу борци, а меѓу нив бил и [[Сава Ковачевиќ]], славен командант на Третата пролетерска дивизија. И покрај загубите НОВЈ ја издржа и оваа најтешка и најкрвава офанзива во ослободителната војна. Така, и овој план на Оската и домашните предавници да ја уништи главнината на НОВЈ и Врховниот штаб не успеал. Со победата во решителната битка на Сутејска југословенските партизани запишале уште една херојска страница во историјата на Народноослободителната војна. <ref>''Историја'' за II година на стручните училишта,</ref>
 
== Наводи ==