Разлика помеѓу преработките на „Дејвид Линч“

Додадени 4 бајти ,  пред 14 години
нема опис на уредувањето
'''Дејвид Кит Линч''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''David Keith Lynch'') (роден на [[20 јануари]], [[1946]] год. во [[Мисула]], [[Монтана]], [[САД]]) е [[САД|американски]] [[режисер]], [[актер]] и [[сценарист]].
 
Филмовите на Линч се познати по нивните елементи на [[надреализам]], нивните кошмарни и [[сон]]ливи секвенци, нивната силна и чудна фотографија, и педантно направената музика. Често неговите дела го истражуваат излитеното дно на малите американски градови (на пример, ''[[Син сомот]]'' и ''[[Твин Пикс]]'') или брзоширечките метрополи (''[[Изгубениот автопат]]'', ''[[Мулхоланд Драјв]]''). Поради неговиот невообичаен стил и фокусот на американската психа, комичарот[[комичар]]от [[Мел Брукс]] еднаш го нарекол Линч „[[Џими Стјуарт]] од [[Марс]]“.
 
За време на долгата кариера, Линч развил конзистентен пристап кон приказната и визуелниот стил и станал препознатлив за светската публика. Иако неговите филмови не се блокбастери, тој е постојан фаворит меѓу филмските критичари и околу него веќе е изграден [[култ]].