Борба на македонскиот народ против Цариградската патријаршија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Борбата против Цариградската патријаршија''' започнала во средината на 19 век, таа ...
(нема разлика)

Преработка од 13:43, 19 септември 2010

Борбата против Цариградската патријаршија започнала во средината на 19 век, таа била водена од страна на населението во Македонија со цел да се отстрани црковната власт на Цариградска патријаршија која со себе го носела погрчувањето. Во текот на овие борби едно од главните барања било да се онови некогашната Охридска архиепископија и макеоднските епархии да подпаднат под нејзина јуриздикција.

Барања

Најстарата пропаганда во Македонија била Грчката пропагнада која во почетокот била предводена од Цариградската Патријаршија. Во 50 - тите година на 19 век, незајакнатите македонски општини индивидуално почнале да настапуваат пред Патријаршијата со барања со остранување на грчките владици и нивно заменување со лица од словенско потекло [1]. Со развојот на економската сила на градското население бројот на барањата се зголемиле.

Барањето на словенсите владици било заменето со барање на владици од домашно, македонско потекло [1]

Барањата во однос на просветата се прошириле. Било барано да се воведе македонскиот јазик наместо во училиштата, а црковно - словенскиот во богослужбата. Бидејќи овие барања не биле исполнети, македонските општини истапиле со порадикални барања, се побарало обнова на Охридската архиепископија.

Меѓутоа овие настапувања и барања не биле единствени, а најрадикалниот чекор кој Македонците го презеле против Патријаршијата е преминувањето во унија со Римокатоличката црква.

Почеток на борбите

Во 1859 година кукушани со подршка на францускиот конзул испратиле барање до папата да си ги запазат верските обреди и црковно - словенскиот јазик во црквите, а во замената тие да ја признаат папската власт. Бил постигнат договор по што во Кукуш била формирана првата унијатска општина [2] .

Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик [3] и македонскиот јазик во наставата [1] . Меѓутоа во Охрид каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на Охридската архиепископија [4], во оваа борба посебно се истакнале Димитар Миладинов и Григор Прличев. Славко Димевски истакнува дека:

Ако површно се посматра документацијата во врска со борбата на македонскиот народ за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот, може да се дојде до погрешен заклучок дека таа исклучиво се водела против владиците како личности. Меѓутоа, ако на таа борба се гледа како процес, веднаш ќе се забележи дека молбите и жалбите на македонскиот народ, што биле упатувани против овој или оној владика по име, всушност било само легално срдество да се постигне повисока цел: преку сукцесивно сменување на грчките владици со домородни да се создадат објективни услови за полна еманципација од Патријаршијата и создавање на сопствена црква. Владиците Македонци би го обединиле македонскиот народ на ниво на епархии, би го преставувале пред турските власти и би имале можност во поволен момент да се отцепат од Патријаршијата и да ја обноват Охридската архиепископија [1]

Кулминација

Кон крајот на 60 - тите години на 19 век борбата против Патријаршијата привршувала. Во тој период македонските црковно - училишни општини едностранично се откажувале од власта на грчките владици. Во оние области каде било по доминантно присуството на гркоманите, граѓаните ја продолжиле борбата за преземање на општините.

Оние општини кои се отцепиле од Патријаршијата имеле нерешен статус. Турската власт и понатаму ги сметала за патријаршиски, а тие не можеле да имаат свои преставници во меџлисите. Затоа општините во Македонија и тамошното граѓанство било свесно дека црковното прашање ќе се реши само преку создавање на една сопствена афтокефална црква која ќе биде призната од другите православни цркви и од Високата Порта. Македонските граѓани не можеле да сметаат на подршката од Патријаршијата за канонска обнова на Охридската архиепископија и затоа целосно се насочиле кон Високата Порта обидувајќи се да ја добие нејзината наклонетост кон ова прашање. До Портата биле испраќани барања во кој било истакнато дека:

... како словенски народ, треба да има своја црква, која во 1767 година ја укинал султанот Мустафа III, со што Високата порта ќе исправи една неправда [5][1]

Еден дел од јужните македонски општини сметале дека таквите барања нема да бидат уважени од страна на Портата и затоа тие се свртеле кон Римокатоличката црква. Според еден од водачите на кукушкото преродбеничко движење Нако Станишев тие преминувале кон унијата затоа што:

Вера без народ не може, а народ без вера може. Ако верата не е добра ќе ја пресечеме и ќе си најдеме друга вера[6]

Односно дел од населението во Македонија прибегнало кон унијата за да се зачува од погрчувањето кое го носела Патријаршијата [1]. Од друга страна пак населението преку унијата сакала да ја обнови Охридската архиепископија и затоа кога Римокатоличката црква не го исполнила овој услов, населението почнало да се откажува од унијата и папата.

... унијатството било само средство да се дојде до архиепископ, односно создавање на самостојна црква под покровителство на Римокатоличката црква [1]

Во 1866 година антифанариотските борби се прошириле и во Неврокопската каза. Најпрво селото Гајтаниново, а потоа и самиот Неврокоп се откажале од Патријаршија.

По смрта на браќата Миладиновици на чело на антигрчкото движење во Охрид застанал Григор Прличев. Тој држел говори пред охриѓани во кој ги нападнал грчките митрополити, напишал една песма за Охридска архиепископија, а успеал да ги убеди и тамошните еснафи да се содаде посебна каса која требало да ја финансира антифанариотската борба. Во 1867 година Охрид и охридско ги прекинале врските со Патријаршија, а во 1869 година се формирала црковно-училишна општина за раководење на црквите и училиштата во Охрид и пошироко. Во почетокот самата оваа оптина себеси се титулирала како Охридска архиепископија.

Во тој период од Патријаршија се откажале и Скопје, Прилеп, Штип и други градови.

Извори

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Славко Димевски, Кукушката унија од 1859 ( По повод 100 - годишнината од настанот) ГИНИСК, III, бр. 2, 1960
  3. В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898
  4. Е. Спространов, По възраждането на гр. Охрид. Сб. НУНК София, г. XIII, 1896
  5. Цариградски вестник, 26 март 1860, бр. 470; 2 април 1860, бр. 472; 7 мај 1860, бр. 482
  6. Крум Тошев, Гоце Делчев, София, 1955