Јужна патека (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана промена на текстот (- , +,)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{бришење
|причина = не е енциклопедиска статија, туку прераскажување на некој си филм
|ден = 25
|месец = мај, 2007
}}
 
{{внимание}}
'''Јужна патека (1982)''' - во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа. Потстанарката Ана работи во еден фотографски дуќан, но нејзините амбиции се многу поголеми. Таа се обидува преку познатите на Борис, нејзиното момче, да добие улога на филм. На закажаната средба со режисерот, таа и без пробно снимање ја добива главната женска улога во новиот филмски проект. Борис нема битно место во животот на Ана. Особено по повторната средба со Ѓорѓи, кон кој сè уште ја врзуваат старите емоции, Ана започнува да го одбегнува. Борис разумно го прифаќа нејзиното решение за раскинување. Средбите меѓу Ѓорѓи и Ана се исполнети со непријателство поради забелешките на Ѓорѓи за нејзиното поранешно однесување кон него. Поради тоа Ана бара сместување во друг стан. Се обидува да разговара уште еднаш со Ѓорѓи, но тој поради некогашните недоразбирања се однесува каприциозно. Сепак љубовта е посилна и тие двајцата заедно ја минуваат ноќта. Меѓутоа, веќе утредента, Ѓорѓи е изненаден поради селидбата на Ана. За нејзината постапка тој не наоѓа разбирање. Ана интензивно работи на снимањето на филмот, и добро се снаоѓа во својата улога. Сепак, таа постојано мисли на Ѓорѓи и се обидува да стапи во контакт со него. Во општата мешаница која е присутна на снимањето, таа не е во состојба да му ги соопшти вистинските чувства. Една вечер, кога вообичаено доцна Ѓорѓи се враќа дома, во својата соба ја наоѓа Ана. Тоа ветува нов почеток во нивната врска.