Разлика помеѓу преработките на „Фока (византиски цар)“

нема опис на уредувањето
с (Бот: козметички промени)
 
'''Фока''' ([[Латински јазик|лат.]]''Flavius Phocas Augustus'') бил цар на [[Византија]] од [[602]] година до [[610]]. Бил прогласен за император при буната на римската војска на [[Дунав]]. Со помош на партијата на зелените, влегол во [[Константинопол]].Императорот [[Маврикиј Тибериј (владетел)|Маврикиј]] бегал во Халкидон и пратил најголемиот син Теодосиј да бара помош од персијскиот цар [[Хозрој II]]. Маврикиј бил фатен и убиен, а пред тоа по наредба на Фока натеран да гледа како се убиени неговите синови. Теодосиј бил фатен во [[Никеја]] и исто така убиен. Користејќи смртта на Маврикиј за повод, Хозрој II нападнал Византија. За да може да се бори со него, Фока заклучил срамен мир со [[Авари]]те, задолжувајќи се да им плаќа огромен данок. Оставен без заштита, Балканот бил заземен од словенските племиња. На исток римската војска трпела тешки порази. Персијците ги истерале од [[Месопотамија]], [[Феникија]], [[Палестина]], навлегле и во [[Мала Азија]]. Незадовоството против Фока растело бргу, а тој со силен терор се обидувал да ја задржи властта. Африканскито екзарх Ираклиј откриено се побунил, запрел да плаќа данок и влегол во сојуз со зетот на Фока, талентираниот војсководец Приск. Нивните војски од Египет преку море и копно во октомври [[610]] година влегле во Константинопол под водството на [[Ираклиј I|Ираклиј]] помладиот. Фока бил убиен заедно со сите негови приврзаници.
 
 
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}
 
[[Категорија:РимскиЈустинијанова императоридинастија]]
[[Категорија:Византиски императори од 7 век]]
[[Категорија:Римски императорски конзули]]
[[Категорија:Починати во 610 година]]
 
[[ar:فوقاس]]