ФК Балкан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Фудбалски клуб Балкан преместена како ФК Балкан преку пренасочување
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
{{бришење}}
 
Чаир е фудбалски клуб од Чаир. Моментално тој се наоѓа во третата македонска фудбалска лига. Нема свој стадион но го користи стадионот на ФК „Слога Југомагнат“. Нема дефинирана навивачка група на клубот а за него навиваат сите Чаирчани.
 
== Формирање и почетоците на ФК Балкан ==
 
Ред 9 ⟶ 5:
 
За најбрзо десно крило не само во ФК „Балкан“ туку и во Скопје се сметал Томе Николовски - Мако, а за најдобар техничар од тоа време се сметал Лазо николовски - Кривавилицата. Првата топка со која почнале да играаат играчите на ФК „Балкан“ бил кожна и била земена од француските војници кои се наоѓале во Чаир во текот на Првата Светска Војна. До 1927 год. ФК „Балкан“ воглавно играл против тогашните скопски фудбалски клубови: „Експеранс“, „Југ“, „Спорт“, „Победа“. Во 1927 год. од повеќе скопски новоформирани клубови бил формиран „скопскиот лоптачки сојуз на вардарска бановина“. Поради зголемениот квалитет на фудбалот и блискоста со Саук чешма се припоиле двата чаирски клуба ФК „Балкан“ и ФК „Витез“. Нивното спојување било постепено и траело по низа на преговори од 1927 година до 1937 година. Тогаш ФК „Балкан“ играл и со други реномирани и многу појаки фудбалски екипи од Скопје како ФК „Вардар“ од Топаана (во кој играле голем број српски офицери и подофицери), ФК „Граѓански“, ФК „Југ“ и други. Најголем успех ФК „Балкан“ го постигнал во 1937 година во рамките на вториот разред на Скопскиот подсојуз го освоил првото место со извојувани 12 победи од исто толку натпревари. Во овој сојуз втор бил ФК „Рапид“ со 17 бода, трета била ФК „Олимпија“ со 16,4 бода. па по неа следувале ФК „Слога“ со 12,5 бода, ФК „Мачва“ со 6 бода, ФК „Графичар“ со 5 бода и Црна Гора со 4 бода како последна. Победоносната екипа ФК „Балкан“ со во таа 1937 година ја сочинувале : Андреја Зафиров-Мусот, Трајко Гаврилов- Томажот(голман), Орде Марковски, Миле Стојков, Андреја Црнашија, Славе Георгиев, Лазе Николовски-Кривавилицата, и Славе Пицан. Во следната фудбалска сезона 1937/38 година ФК „Балкан“ покажал уште повеќе од својата фудбалска надмоќ над другите клубови во својата група со дотогаш невидена гол разлика, 55:9. Екипата која го постигнала овој зачудувачки и триумфален успех имала и од кого да учи, од најдобрата скопска екипа фудбалери на првата фудбалска постава на ФК „Балкан“ од 1921 година. Секој од овие млади фудбалери сакал да биде брз како еден Томе Мако и добар техничар како Лазо Кривавилицата. Желбата да се надминат своите учители и фудбалски идоли од првата екипа на ФК „Балкан“ ги мотивирала овие млади чаирчани на ваков сензационален успех. Оваа постава на ФК „Балкан“ која го постигнала овој успех ја сочинувале : Томе Теќелијата, Тоде Аџијата, Трајан Зафиров, Лазо Николовски-Кривавилицата, Трпе Георгиев, Борис Сикре, Илија Волканов (во тоа време претседател на клубот), Славе Пицан, Цветан Илиев Васе Стојановски-Сарго, (секретар на клубот), Чедо Георгиев, Чедо Павловски, Борис Дувало, Страхил Ивановски, Михо Гиевски, Зафир Зафировски, И Ѓорѓи Трповски. Нижењето победи на ФК „Балкан“ траело до 1943 година кога бугарските фашистички окупатори ја забраниле работата на клубот, поради напредата и револуционерна дејност на управата и фудбалерите. Во тој период клубот играл во првиот разред на скопскиот подсојуз.
 
[[Категорија:Фудбалски клубови од Македонија]]
[[Категорија:Фудбалски клубови од Скопје]]
[[Категорија:Фудбал]]