Франсоа Купрен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
Неговата најпозната книга, ''L'Art de toucher le clavecin'' (''Уметноста на свирењето чембало'', обј. 1716), во кој има предлози за апликатури, допир, орнаментација и другиелементи на [[Клавијатурен инструмент|клавијатурната]] техника. Оваа книга извршила влијание врз [[Јохан Себастијан Бах|Ј.С. Бах]]. Бах го презел овој апликатурен систем за чембало, заклучно со употребата на палецот.
 
Купреновите четири тома на музика за чембало содржат повеќе од 230 поединечни дела, кои можат да се свират на соло чембало или пак [[камерна музика|камерно]]. Овие композиции им станале драги и сакани на композиторите како Ј.С. Бах, [[Рихард Штраус]], како и [[Морис Равел]] кој го овековечил нивниот композитор во своето дело ''[[Споменица за Купрен]]''.
 
Многу од Купреновите дела имаат евокативни и сликовити наслови и изразуваат атмосфера преку изборот на клуч, авантуристички хармонии и дисонанци. Некои сметаат дека тие сличат на минијатрурни тонски поеми. Овие особености го привлекувале [[Рихард Штраус]], кој има оркестрирано некои од нив.