Папа Бонифациј VIII: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
'''Папа Бонифациј VIII''' ([[лат.]] Bonifatius PP. VIII) (околу [[1235]] - [[11 октомври]] [[1303]]) бил римски [[папа]] од [[24 декември]] [[1294]] до [[11 октомври]] [[1303]]. Водел политика на надмоќ на црковната над светската власт. Неуспешен во тоа, тој ја префрлил моќта на централизираните [[Франција]] и [[Англија]]. Добил неколку политички интриги поврзани со борбата за превласт во [[Германија]]. Посредството во француско-англиските односи се покажало како неуспешно. Подготвен за војна во скоро време, францускиот крал [[Филип IV Убавиот]] и англискиот [[Едвард I]] вовеле на своите страни налог за свештенство без согласност од страна на папата, што ја нарушило практиката од XIII век. Бонифациј возвратил со издавањето на [[була]]та ''[[Clericis laicos]]'', во која им се заканил на светските владетели да не донесуваат налози за свештенството без дозвола од папата, под закана на одделување од црквата. Во 1302, тој ја издал булата ''[[Unam Sanctam]]'', во која тој целосно ја изложил својата концепција за моќта на црквата над светската власт.
 
Во септември 1303, Филип IV Убавиот го испратил [[Вилијам де Ногарет]], кој бил жесток критичар на папата, да ја предводи делегацијата до Рим. Намерата била папата да се донесе пред францускиот совет, па макар и со употреба на сила, каде му било судено за обвинението од страна на францускиот крал. На 7 септември [[1303]], француските и италијанските војници го нападнале и уапсиле папата од неговиот роден град. Три дена подоцна папата бил ослободен. Папата Бонифациј VIII, кој тогаш имал 68 години бил силно вознемирен и умрел неколку седмици потоа.
 
{{Папи}}