Дедал: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Daedalus und Ikarus MK1888.png|right|200px]]
Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач, научник, архитект и првиот митолошки летач. Занаетот го научил од боговите [[Атина]] и [[Хефест]]. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот [[Икар]]. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради [[Сонце]]то. Но, [[Икар]] се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен [[Икарија]].
 
[[ca:Dèdal]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дедал