Коска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ms:Tulang
Дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Никулец}}
'''Коските''' се бели, цврсти [[орган]]и кои го образуваат [[скелет]]от. Секоја коска во скелетот има определена форма и е специјализирана за вршење на определена функција. За коските преку [[Тетива|тетиви]] се поврзуваат [[Скелетен мускул|скелетните мускули]], со кои се обезбедува определен начин на нивно движење.
 
== Типови на коски ==
 
[[‘Рбетници]]те поседуваат два типа на коски. ''Дермалната коска'' се состои од коскени структури (плочки и лушпи) кои се развиваат во [[кожа]]та. Коскениот штит на најраните [[безвилични риби]] бил дермална коска; такви се и крлушките на [[Ајкула|ајкулите]], раменските сечила и покривот на човечкиот [[череп]]. Дермалната коска не се образува најпрво од [[‘рскавица]] па потоа калцифицирање, што не е случај со ''ендоскелетната коска''. Всушност, кај [[‘Рскавични риби|‘рскавичните риби]] никогаш не се образува вистинска коска. [[Прешлен]]ите, [[Ребро|ребрата]], додатоците и [[Вилица|вилиците]] се ендоскелетни коски. Черепот на ‘рбетниците е всушност сложена структура изградена од ендоскелетни и дермални коски.
 
Сите ‘рбетници имаат ‘рскавица покрај коските или наместо нив. ‘Рскавицата може да е флексибилна (како ‘рскавицата во човечките нос и уши) или цврста (како ‘рскавицата во човечкиот [[грклан]] - гласната кутија). ‘Рскавицата исто така ги препокрива соседните површини на коските кај подвижните [[зглоб]]ови; оштетувањето или кршењето на оваа ‘рскавица доведува до појава на болки при движењето. Калцифицираната ‘рскавица од која се изградени забите и прешлените на ајкулата не претставува вистинска коска, туку таа е мртва кога функционира, додека коската главно е живо ткиво.
 
== Општа градба и функции ==
 
Иако коската изгледа како нежива материја, сепак таа е динамична структура составена од живи ткива, како коскени клетки, масни клетки и [[крвни садови]], како и од неживи материи, вклучително вода и минерали.
 
Коските се повеќенаменски структури кои имаат различни и витални улоги кај ‘рбетниците. Тие образуваат рамка на телото, давајќи му потпора и форма. Тие исто така образуваат површина за прикачување на [[мускул]]ите и дејствуваат како лостови, овозможувајќи многу сложени движења. Повеќето коски ги штитат помеките внатрешни органи; на пример, коските на черепот го заштитуваат [[Черепен мозок|мозокот]], а ребрените коски формираат кафез околу [[срце]]то и [[Бел дроб|белите дробови]]. Освен овие структурни и механички функции, коските исто така учествуваат во физиологијата на телото. Тие складираат [[калциум]], минерал кој е есенцијален за активноста на нервните и мускулните клетки. Меката срцевина на коската ([[коскена срж]]) е место каде се формираат [[еритроцит]]ите, одредени [[леукоцит]]и и [[тромбоцит]]ите.
 
Возрасен човек има 206 коски, кои чинат 14% од вкупната телесна тежина. Најдолгата и најјаката коска е [[Бутна коска|бутната коска]] која во период на зрелоста е долга околу 50 cm и широка 2,5 cm. Најмалата коска е [[чеканче]]то (''stapes''), која е една од трите ситни ковчиња во [[Средно уво|средното уво]]. Таа е долга само 0,18 cm.
 
Коските (со исклучок на [[заб]]ите) се најцврстите органи во [[тело]]то на [[човек]]от. Нивната структура овозможува да се отпорни на свиткување, влечење и [[притисок]]. Коските се изградени од [[коскено ткиво]].
 
На секоја коска разликуваме проширени краеви - епифизи, поврзани меѓусебе со издолжен, цевчест дел - [[дијафиза]]. Во дијафизата се содржи [[Коскена срж|коскената срж]] во која до 25 годишна возраст (кај човекот) се врши [[хемопоеза]].
 
Скелетот е составен од 206 коски.
 
Врз основа на формата, коските се поделени во три основни групи:
Ред 14 ⟶ 25:
* [[Куса коска|Куси]]
* [[Плосната коска|Плоснати]]
 
== Развиток и одржување ==
 
За време на раниот развиток на бебето во телото на мајката, скелетната структура се состои од ‘рскавица. На околу осмата недела од [[Фетален развиток|феталниот развиток]], солите на калциум и [[фосфор]] започнуваат да се натрупуваат околу ‘рскавицата. На 40 недели од развитокот, меѓутоа, феталните коски сè уште се состојат главно од мека ‘рскавица. Черепот се состои од неколку ‘рскавични плочки кои не се целосно зглобени. Просторите меѓу ‘рскавичните плочки се нарекуваат меки точки или [[Фонтанела|фонтанели]]. Меката ‘рскавица и фонтанелите овозможуваат натиснување на черепот при неговото минување низ родниот канал. За време на детството, ‘рскавицата постепено се заменува со коска преку активноста на [[остеобласт]]ите. Кај новороденчето се присутни повеќе од 300 коски од кои неколку се фузираат со текот на созревањето.
 
Во текот на животот, коскеното ткиво подлежи на непрекинато разградување и обновување како одговор на потребите на телото. На пример, калциумот мора секогаш да биде присутен во [[крв]]та во одредени концентрации. Доколку концентрациите на калциум опаднат, клетките наречени [[остеокласт]]и ја разградуваат коската за да се ослободи калциумот во крвотокот. Доколку со вежбање се зголеми мускулната маса, коските мораат да се задебелат така што движењата на посилниот мускул да не ја скрши коската. Во овој случај остеобластите создаваат ново коскено ткиво.
 
За време на детството и адолесценцијата, многу повеќе коскено ткиво се натрупува одошто се разградува, така што скелетот расте во големина и силина. Во првите периоди на возрасен човек, разградувањето полека започнува да го надминува натрупувањето. Со стареењето на човекот, коскеното ткиво се намалува, а коските слабеат и се силно подложни на кршење. Вежбањето и правилната исхрана се клучни за одржување на здрав раст на коските во сите фази на животот. Здравата исхрана, особено таа со која се внесува доволно калциум, фосфор, [[витамин D]] и хормоните ([[хормон за раст]], [[паратироиден хормон]], [[калцитонин]] и [[полови хормони]]) влијаат заедно на растот на коските.
 
=== Скршеници ===
 
Скршениците се многу чести повреди на коските. Процесот на поправка вклучува заемодејство на неколку процеси. Околу недела по скршувањето на коската, клетките од [[периостеум]]от ја инвазираат оштетената област и произведуваат фиброзна мрежа. Потоа, други клетки произведуваат ‘рскавица на мрежата. Конечно, остеобластите влегуваат во мрежата и ја претвораат ‘рскавицата во коска. Целосното заздравување може да се случи по недели, па дури и месеци, во зависност од староста, здравствената состојба, и други особености на единката. Некои скршеници се третираат со [[сплинт]], цврст објект кој дава потпора на областа околу скршената коска и го ограничува движењето. Други скршеници мораат целосно да се имобилизираат, бидејќи движењето може да предизвика нова скршеница во областа.
 
[[Категорија:Скелет]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Коска