Разлика помеѓу преработките на „Лужички јазици“

нема опис на уредувањето
}}
 
'''Лужичките јазици''' ({{lang|hsb|''Serbsce''}}, {{lang|dsb|''Serbski''}}) се мала група [[словенски јазици]], дел од подгрупата на [[западнословенски јазици]]. Овие јазици се мајчини јазици на [[Лужички Срби|Лужичките Срби]], автохтоно словенско население во областа [[Лужица]] во [[Германија|Источна Германија]]. Низ историјата, јазиците биле познати како '''вендски јазици''', '''лужичкосрпски јазици''' или '''лужичкилужичкосрпски јазици'''. Овие јазици се слични со останатите западнословенски јазици, односно со [[полски]]от, [[чешки]]от, [[словачки]]от и [[Кашупски јазик|кашупскиот]].<ref name=Faska>[http://www.uni-leipzig.de/~sorb/seiten/eng/03/language.html About Sorbian Language], by Helmut Faska - [[University of Leipzig]] (англиски)</ref>
 
Денес има два стандардни лужички јазици: [[горнолужички јазик]] и [[долнолужички јазик]]. Горнолужичкиот го зборуваат околу 40.000 луѓе во [[Саксонија]], додека долнолужичкиот е зборуван од околу 10.000 луѓе во [[Бранденбург]]. Оваа област каде се зборуваат овие јазици е позната како [[Лужица]].