Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Матка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
Манастирот е изграден во средината на 14 век, на старо култно место.<ref>http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=6ACE07EBE37F2B4DAD4D201304757761</ref> Точното време на подигање на црквата не е познато ниту првиот ктитор. На првобитната црква, веројатно во бурните настани на воспоставување турска власт во Македонија и страдале покривот и фреските. Многу подоцна, во 1497 година, извесна госпоѓа Милица ја затекнала црквата без покрив. Таа инвестирала, црквата повторно да добие покрив и живопис и да се изгради припрата. Овие податоци стојат на натписот над влезната врата однатре. Според овој натпис, јасно е дека протогената градба на црквата потекнува од 14-от век, додека покривот, припратот и внатрешниот фреско-живопис се од крајот на 15-от век. Во потрага по времето на изградба на првобитната црква може да се додаде и надгробната плоча на христијанката Марија, откриена во црквата пред олтарот.
 
Црквата има форма на стеснат крст впишан во квадратна основа. Куполата лежи врз осмоаголен тамбур носен од масивни пиластири. Централната апсида на црквата од надворешната страна е тристрана. Со својата архитектурна концепција оваа црква не излегува од рамките на византиската архитектура од овој период. Прозорците се мали и високо поставени. Ваквиод објект припаѓа на типот градби од 14-ти век поврзани за благородничката сакрална архитектура. Манастирот е познат и како Манастир Матка, а бил централен (матичен) за повеќе цркви, манастири и монашки скитови што се наоѓале во овој дел од теснецот на реката. Тоа го поврзуваат записите поврзани си животот во манастирот. Култот кон Света Богородица, во манастирот Матка, бил мошне силен и манастирот го посетувале видливи гости, како, на пример, патријархот на Пеќката патријаршија Арсениј IV.<ref>http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=6ACE07EBE37F2B4DAD4D201304757761</ref> И во денешни времиња овој манастир е доста важно место при што е често посетен и од современи важни личности, како [[ПретседателЃорге на Репувлика МакедонијаИванов|Претседателот на Република Македонија]].<ref>http://forum.com.mk/28372</ref>
 
Во манастирот постои поменик, во кои се запишани имињата на многу дарители на манастирот од целиот скопски регион, вклучувајќи и имиња на луѓе од села кои денеска се населени со муслиманско (албанско) население, што претставува важен споменик со непроценливо значење за историјата на скопската област. Токму податоците од поменикот на овој манастир се често користени во книгите на познатиот антропогеограф [[Јован Трифуноски]] (види ја неговата книга: ''Слив Маркове Реке - антропогеографска поматрања'').