Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Матка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
|}
 
'''Манастирот Успение на Пресвета Богородица''' (познат и како '''Манастир Матка''') се наоѓа во кањонот Матка веднаш на левиот брег на реката Треска, после браната на езерото Треска на околу 17 km од централното подрачје на градот [[Скопје]]. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Неговиот патронен празник, меѓу народот познат како ''[[Голема Богородица]]'', се одржува секоја година на [[28 август]], при што манастирот секогаш е посетен од илјадници [[Скопје|скопјани]] кои учествуваат на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Многу е веројатно дека кањонот и пошироката област го добиле името ''Матка'' токму поради овој манастир посветен на Мајката Божја, чие име на старословенски (црковнословенски) е ''мат''.
[[File:Manastir Bogorodica Matka.jpg|thumb|300px|left|Поглед на манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка]]
Манастирот е изграден во средината на 14 век, на старо култно место.<ref>http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=6ACE07EBE37F2B4DAD4D201304757761</ref> Точното време на подигање на црквата не е познато ниту првиот ктитор. На првобитната црква, веројатно во бурните настани на воспоставување турска власт во Македонија и страдале покривот и фреските. Многу подоцна, во 1497 година, извесна госпоѓа Милица ја затекнала црквата без покрив. Таа инвестирала, црквата повторно да добие покрив и живопис и да се изгради припрата. Овие податоци стојат на натписот над влезната врата однатре. Според овој натпис, јасно е дека протогената градба на црквата потекнува од 14-от век, додека покривот, припратот и внатрешниот фреско-живопис се од крајот на 15-от век. Во потрага по времето на изградба на првобитната црква може да се додаде и надгробната плоча на христијанката Марија, откриена во црквата пред олтарот.