Евангелие на Лука
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{внимание}}
[[Податотека:Luke evangelist Guercino.JPG|right|200px]]
Роден е во [[Антиохија]]. Во младоста добро ја изучи грчката [[философија]], [[медицина]]та и иконописот. Во времето на делото на Господ [[Исус Христос]] на земјата Свети Лука дојде во [[Ерусалим]] и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во [[Господ]], Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина [[апостол]]и и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за [[Емаус]] (Лука 24). По слегувањето на [[Светиот Дух]] на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. [[апостол Павле]] со когошто патуваше во [[Рим]], обраќајќи ги во Христовата вера [[Евреи]]те и незнабожците.
Апостол Лука е еден од Дванаесет апостоли|дванаесетте апостоли кои го придружувале на Исус Христос. По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.
„Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша [[Евангелие]]то, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле, Свети Лука го проповедаше Евангелието по [[Италија]], [[Далмација]], [[Македонија]] и на други места.
Се смета дека Лука бил по националност Грк, роден во [[Антиохија]]. Во младоста се занимавал со изучување на [[старогрчка философија|старогрчката философија]], [[медицина]] и иконопис. Се смета дека тој бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богхородица и на апостолите Петар и Павле. Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.
Ја иконописаше Пресвета [[Богородица]] - и тоа не една туку три икони - а исто така Светите апостоли [[Апостол Петар|Петар]] и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во [[Грција]], каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост.
Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во [[Цариград]].
== Надворешни врски ==
|