Ротифери: Разлика помеѓу преработките

Додадени 6 бајти ,  пред 12 години
с
[непроверена преработка][непроверена преработка]
 
Најчесто телото е поделено на глава, труп и стапало, но овој основен градбен план може силно да варира. Најзабележлив орган во главениот регион е короната или ротаторниот апарат, кој/а се состои од метахроно трепкачки цилии поредени во различни снопчиња. Генерално, короната сочинува големо букално поле кое ја обиколува устата и циркумапикален сноп кој го обвива ацилијарниот апикален главин регион. Короната многу варира во својата градба. На пример, кај класата ''Bdelloidea'', циркумапикалниот сноп е поделен медијално така што формира два трохални диска. При пливањето или исхраната, трепкањето дава илузија како да животното да носи два мали, ротирачки тркала (''rota'' – тркало, ''fero'' – носи). Короната се користи за движење и исхрана. Трепкањето ги носи честичките од храна кон усниот отвор кој секогаш е лоциран (повеќе или помалку) вентрално. Трупот може да варира по форма – од многу елонгирана форма (некогаш со телескопски и ретракторни псевдосегменти) до поглобуларна форма. Стапалото се состои од еден до неколку псевдосегменти и често има две терминални завршоци (т.н. прсти) со отвори на адхезивни (цементни) жлезди на нивниот врв. Стапалото и прстите може да се редуцирани кај неколку родови и видови. Интегументот на ротиферите е од [[Синцициум|синцицијален]] тип, што значи дека [[епидерм]]алните [[Клетка|клетки]] не се одделени со [[Клеточна мембрана|клеточни мембрани]]. Надворешна [[кутикула]] отсуствува (која е присутна кај повеќето други [[Без‘рбетници|инвертебрати]]). Наместо кутикула, ротиферите имаат внатрешноклеточна кончеста ламина. Дебелината на ламината е најразлична, а кај некои [[таксон]]и, делови од неа се толку дебели што формираат масивен телесен оклоп. Таквите видови се лорикатни, за разлика од тие со потенка ламина кои се илорикатни.
[[Податотека:20100708_colonial_rotifer_Conochilius.JPG|200п|thumb|лево|Колонија од ротифери.]]
Усниот отвор е сместен вентрално или апикално во короната. Тој води до голтка која содржи сложен мастикаторен (џвакачки) апарат кој се нарекува [[мастакс]]. Тој се состои од цврсти вилични делови [[трофи]] и од мали [[мускул]]и кои ги поврзуваат виличните елементи. Трофите се состојат од четири главни елементи: парни рами, парни унци, парни манубриуми и непарен фулкрум. Исто така може да има и различни придружни елементи кои со заедничко име се нарекуваат епифарингеални елементи. Рамите се централни елементи во трофите и често се опремени со [[заб]]и или дентикули. Тие се каудално споени со флексибилен [[лигамент]], така што се способни да се отвораат и затвораат, со што ја раздробуваат храната. Единствениот непарен елемент – фулкрумот – се протега каудално од артикулациската точка на рамите. Унците се наоѓаат рострално или вентрално од рамите. Тие може да се стапчевидни со единечен остар заб или штитовидни со неколку цврсти заби. Унците се користат да ја заграбуваат храната и да манипулираат со неа или (кај некои предаторски ротифери) да го пенетрираат интегументот на пленот. Унците проксимално ги поврзуваат манубриумите. Тие најчесто се стапчевидни со добро развиена глава и се одговорни главно за движењето на унците. Морфолошките карактеристики на четирите главни елементи доста се разликуваат. Затоа, ротиферните трофи се поделени на девет различни типови, во зависност од големината и формата на главните склерити. Трофите се многу значајни за таксономијата на ротиферите – неколку фамилии и родови можат да се препознаат само по типот на вилици. Од [[голтка]]та, краток [[хранопровод]] води до [[желудник]]от. Дигестивните [[ензим]]и се произведуваат во синцициелни гастрични [[Жлезда|жлезди]] кои се отвораат во самиот желудник. По желудникот доаѓа [[црево]]то, кое се завршува со дорзална [[клоака]].