Разлика помеѓу преработките на „Организирање“

Одземени 12 бајти ,  пред 13 години
нема опис на уредувањето
Организациите не се фирмираат само заради целите на бизнисот, туку и заради предностите што ги нудат во однос на работата на посебните индивидуалци. Една таква предност е економичноста. Друга предност е тоа што целите и задачите можат да се постигнат полесно во организацијата, отколку самостојно. Она што не може да го постогне поединецот, може организацијата. Трета предност е формализацијата на власта и одговорноста. Четвртата предност е изразена во постоењето на координираност на активностите во рамките на организацијата преку менаџерите и директорите, како резултат на утврдената хиерархија или субординација. Воспоставувањето на комуникациските системи е предност на формалната организациска структура. Организацијата може да се сфати како едно тело со многу органи што имаат различни функции и цели кои произлегуваат од поделбата на работата. Комуникациската мрежа овозможува функционирање на тој систем.
Секоја организација има своја специфична организациска култура и организациска клима. Постојат повеќе особености што ги прават бизнис-организациите карактеристични во однос на другите:
- вклучуваат луѓе
- имаат потреба од пари
- имаат сопственици
- обезбедуваат производство или услуга од кои што има потреба
- имаат потреба од потрошувачи или клиенти
- стекнуваат пари од производите и услугите.
 
78

уредувања