Разлика помеѓу преработките на „Организирање“

Одземени 30 бајти ,  пред 13 години
нема опис на уредувањето
(Нова страница: Секое општество се стреми кон постојан развој, што во голема мерка зависи од неговата стопанс...)
 
Секое општество се стреми кон постојан развој, што во голема мерка зависи од неговата стопанска активност преку која се создаваат производи им услуги за задоволување на потребите на поединците, но и на општеството во целина. Носители на стопанската активност се разните форми за организирање-организации. Организациите се социјални или општествени творби, создадени заради контролирано извршување на заедничките цели.
Секоја организација, во својот состав ги вклучува следните елементи: материјално-технички ресурси, финансиски ресурси и кадровски ресурси.
Организациите не се фирмираат само заради целите на бизнисот, туку и заради предностите што ги нудат во однос на работата на посебните индивидуалци. Една таква предност е економичноста. Друга предност е тоа што целите и задачите можат да се постигнат полесно во организацијата, отколку самостојно. Она што не може да го постогне поединецот, може организацијата. Трета предност е формализацијата на власта и одговорноста. Четвртата предност е изразена во постоењето на координираност на активностите во рамките на организацијата преку менаџерите и директорите, како резултат на утврдената хиерархија или субординација. Воспоставувањето на комуникациските системи е предност на формалната организациска структура. Организацијата може да се сфати како едно тело со многу органи што имаат различни функции и цели кои произлегуваат од поделбата на работата. Комуникациската мрежа овозможува функционирање на тој систем.
Секоја организација има своја специфична организациска култура и организациска клима. Постојат повеќе особености што ги прават бизнис-организациите карактеристични во однос на другите:
 вклучуваат луѓе
 имаат потреба од пари
78

уредувања