Автентична музичка изведба: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
DaDog (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
DaDog (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
==Автентична музичка изведба наспроти востановената практика==
Изведувачите на автентична музика ја пропагираат оваа практика како начин на постигнување на уметнички поефектни изведби на постарата музика. Се смета дека постепените промени во изработката на инструментите и обуката на музичарите резултирале со инструменти и стилови пригодни за музиката од (грубо земено) средината до крајот на [[XIX век]], но не и за постари дела.
Во заедницата на класичните музичари, учениците низ вековите учат изведба и интерпретација на музика од нивните учители како и од изведбите кои ги слушаат. Ова до некаде резултира во стилистичко сраснување, бидејќи начинот на изведба на инзвонредните музичари се пример за помладите. Затоа изведувањето на музиката низ времето се менувала.
 
Движењето за автентична изведба му придава значење на историското академство, во кое спаѓаат и инструментите и практиката на изведба, со цел на добивање директен увид во некогашните изведбени практики. Ова академство е дело како на изведувачи, така и неизведувачи-специјалисти кои обично работат во рамките на некој универзитет.
 
Следењето на принципите на автентичната изведба не е работа на сѐ или ништо. Многу од традиционалните (неавтентични) музичари се интересираат за изворниот начин на изведба. Исто така денешните инструменти можат да бидат свирени на начин донекаде сличен на оној на старите инструменти.
 
==Рани иструменти==
Многу од инструментите од раната музика имаат исчезнато од широка (стандардна) употреба во периодот околу почетокот на [[класицистичка музика|класицистичкото доба]]. Други продолжиле да се користат, но во голема мера биле променети, заедно со нивните звучни особености и изведбени карактеристики за време на XIX век. Постарите инструменти или нивните реконструкции, се користат како '''[[историски музички инструменти|изворни инструменти]]'''. Расправата подолу (видете и [[Органологија]]) ги покрива инструментите кои морале да бидат сосема „преродени“, па следат оние чиј поран облик бил одново разоткриен.
 
:''Видете и: [[Листа на историски музички инструменти]]''.
 
===Чембало===
[[Слика:leonhardt-harpsichord.jpg|thumb|right|230px|[[Густав Леонхарт]] изведува на [[чембало]]]]Најдраматичното исчезнување на било кој клавијатурен инструмент е она на [[чембало]]то, кое постепено се изгубило од употреба за време на второта половина на XVIII век. [[Пијано]]то на негово место ја зезело популарноста до тој степен што чембалата биле уништувани; Парискиот Конзерваториум е познат по користењето на чембала за огрев за време на Наполеон и Француиската револуција.<ref>http://www.usc.edu/uscnews/stories/10982.html {{en}}</ref> Композиторите како [[Франсоа Купрен]], [[Џироламо Фрескобалди]] и [[Јохан Себастијан Бах]] компонирале за чембало, а не за [[пијано]] кое не станало широко распространето пред 1765. Музиката на овие композитори звучи многу различно, и бара поинаков приод, при нејзианта изведба на чембало наместо на пијано. Особено, бидејќи секоја нота на чембалото е еднакво гласна, се користат суптилни варирања на темпот и артикулацијата, како и разборита употреба на [[орнамент (музика)|орнаментација]], со цел за експресивна изведба на чембало.
 
Чембалото било возобновено за јавноста во првата половина на XX век од страна на [[Валнда Ландовска]]. Бидејќи вештините за изработка на чембала дотогаш исчезнале, Ландовска морала да користи прилично необично чембало базирано на современото концертно пијано, посебно изработено за неа од фирмата [[Игназ Плејел|Плејел]] од Париз. Според подоцнежните слушатели, звукот на ова чембало не е баш успешен. Подоцна изработувачите на чембала научиле како да прават подобри инструменти со следење на процедурите на старите изработувачи. Преродбата на автентичното чембало започнала во [[1950-ти]]те, со делата на изработувачите [[Френк Хабард]], [[Вилијам Дауд]] и [[Мартин Сковронек]]. Денес автентични чембала се изработуваат ширум светот.
 
===Виола да гамба===
[[Слика:savall3.jpg|thumb|right|230px|[[Хорди Савал]] на [[виола да гамба]]]]
[[Виола да гамба]] е семејство на гудачки (некогаш тргани) жичени инструменти кои еволуирале од шпанскиот тргачки инструмент [[вихуела]] во доцниот XV век. Бас виола да гамба отрпилика личи на шестожично виолончело &mdash; но ова е всушност гудачка гитара (фудачка лејта наштимана (44344), вихуела/виола-гитара, ''вихуела де арко''). Сите виоли да гамба имале цревни жици. Ницниот звук е нежен, брмчелив и благ, (за разлика од виолончелото, на пример), благороден и богато резонантен во подолните регистри, со често „кавалест“ квалитет (како обоа или органа) во погорниот дијапазон. Оваа последна каракстеристика понекогаш има извесно ''назално'' својство.
 
За овој инструмент биле компонирани огромен број на ансамбловски и соло композиции во [[ренесансна музика|ренесансното]] и [[барокна музика|барокното]] доба. Вакви композитори се: [[Диего Ортиз]], [[Клаудио Монтевери]], [[Вилијам Вирд]], [[Вилијам Лос]], [[Хенри Пурсел]], [[Мисје де Сент-Коломб]], [[Ј.С. Бах]], [[Георг Филип Телеман]], [[Марен Маре]], [[Антоан Форкерај]] и [[Карл Фредерик Абел]].
 
Многу композитори компонирале сложена полифонична музика за [[виолски конзорт]]и, ансамбли од виоли да гамба со различни голенмини (свирени во вертикална положба), кои свиреле рана ''[[камерна музика]]'', аранжирана за [[трио]], [[квартет]], [[квинтет]], [[секстет]] или повеќе музичари.
 
Семејството на виоли да гамба се состои од овие инструменти, од најголем до најмал:
*контрабас или [[виолоне]] (слична големина на денешниот [[контрабас]])
*бас виола да гамба (слична големина на [[виолончело]])
*тенор виола да гамба (слична големина на [[гитара]])
*алт виола да гамба (слична големина на [[виола]])
*пискава виола да гамба (слична големина на [[виолина]]).
 
Во [[Англија]] биле развиени малку помали специјализирани бас-виоли да гамба наречени [[дивизона виола]] и [[лира-виола]].
 
Инструментот излегол од употреба до крајот на XVIII век, кога бил заменет со [[семејство виолини|семејството виолини]].
 
Меѓу најпознатите изведувачи на виола да гамба се вбројуваат: [[Паоло Пандолфо]], [[Виланд Куијкен]], [[Хорди Савал]], [[Џон Хсу]], [[Виторио Гиелми]] и [[Гуидо Балестрачи]]. Постојат и многу добри [[виолски конзорт]]и (ансамбли за виола да гамба), како групата [[Фретворк]].
 
===Блокфлејта===
[[Слика:vickie-recorder.jpg|thumb|right|230px|Дама изведува на [[блокфелјта]]]]
[[Блокфлејта]]та е дрвен дувачки инструмент. Звукот {{Уникод|ѝ}} е сличен како на флејтата, но се свири со дување во самиот почеток на инструментот, наместо во (над) [[звучна дупка]]. Се правеле во разни големини (контрабас, бас, тенор, алт, сопран, малото сопранино и уште помалото клајне (мало) споранино или гарклајн). [[Георг Фридрих Хендл|Хендл]] и [[Георг Филип Телеман|Телеман]] компонирале соло сонати за блокфлејта, а овие инструменти често се свиреле во [[конзорт]]и од мешана големина.
 
Видете исто така: [[Блокфлејтисти]]
 
===Други инструменти===
Други инструменти кои престанале да се користат во (или околу) времето на исчезнување на чембалото, виолата да гамба и блокфлејтата се [[лејта]]та, [[љубовна виола|љубовната виола]] и [[баритон (инструмент)|баритон]]от. Инструменти кои се изгубиле прилично рано во музичката историја се [[корнет (музички инструмент)|корнетот]], [[шамаја]]та, [[ракет (музички инструмент) |ракетот]], [[крумхорна]]та, [[теорба]]та и [[хурди-гурди]]то.
 
===Развиени инструменти===
Дури и инструменти на кои класичата музика регуларно се изведувала денес се значително променети, почнувајќи од XVIII век. Ова важи и за нивната изработка и за начинот на изведба.
Жичените инструменти ([[виолина]], [[виола]], [[виолончело]] и [[контрабас]]) била изработувани со сѐ подолги вратови и повисоки кобилици, зголемувајќи ја должината и напнатоста на жиците &mdash; иако самата напнатост знаела да варира доста со различната дебелина на жиците. Најценетите жичени иснтрументи денес, изработени од [[Антонио Страдивари]] и семејството [[Гварнери]] во XVII-XVIII век во Италија, го започнале нивниот живот како „рани инструменти. Истите биле преиначени во XIX век за постигнување на помоќниот романтистички звук. Видете [[Барокна виолина]].
[[Слика:Buccin yeo 01.jpg|thumb|right|230px|Изведба на [[букен]]]]
[[Слика:blowarde_locus-shade.jpg|thumb|right|230px|Свирење на [[природна труба]]]]
Меѓутоа тенденцијата на изработка на жиците се променила од дебели во почетокот до средината на [[XIX век]], до полесни жици и полесна изведбена техника и повеќе солистичка брилијантност. Од околу [[1900]], па сѐ до денес, просечната напнатост на жиците е помала од онаа кај највеќето барокни традиции освен во [[Франција]] од [[XVIII век]], но подолгите жици и покомпактниот материјал (вклучувајќи ги денешните челични жици) совела до побрилијантен и краткоопсежно продорен звук со поголема акустична нагласеност на рамномерните [[надтон]]ови.
 
Современата изведба на гудачки инструменти се карактиризира со горе-долу постојано [[вибрато]], а остуството на истото се користи како специјален изразен ефект. Во [[XVIII век]] важело токму спротивното, каде вибратото било орнамент.
 
[[Обоа]]та исто така станала помоќна по звук. Барокната обоа била попасторална и кавалеста додека класицистичката обоа била појасна и посребренеста. Слична разлика може да се воочи помеѓу раниот и современиот [[фагот]].
 
[[Флејта]]та од XVIII век се правела од дрво наместо од метал, и исто така имала понежен, дрвен звук.
 
Раните лимени дувачки инструменти се карактеризирале со помала моќ, но поголема живописност (со повеќе [[надтон]]ови) отколку нивните современи еквиваленти. Тонската разлика веројатно е помала одколку кај дрвените дувачки инструменти и жичените. Меѓутоа свирењето на рани [[труба|труби]] и [[Хорна|хорни]] било многу поразлично и потешко, бидејќи варијантите на овие инструменти со копчиња и вентили не се појавиле пред [[XVIII век]]. Свирачите на овие порани варијанти главно се употребувале само усните за одредување на висината на тонот; кај раните хорни висината се менувала со ставање на рака во трубата. [[Антони Халстед]] нашироко се смета за еден од најдобрите денешни протежери на т.н. „[[природна хорна]]“. Пораниот [[тромбон]] се разбира се контролирал за висина рачно, како и неговиот сличен предок, [[сакбут]]от.
 
Ефектот на овие инструменти во нивниот изворен облик е особено приметлив при нивна изведба во [[окрестар|оркестри]], бидејќи разликата не е воочлива само во музичките линии, туку и во нивниот меѓусебен однос, променет по разликата во релативниот волумен (дрвените дувачки инструменти се обично поласни од жичените). Истакнати следбеници на ваквата изведба се [[Академија на Древна Музика|Академијата на Древна Музика]] под диригентство на [[Кристофер Хогвуд]], [[Тавернерски Конзорт и свирачи|Тавернерските Свирачи]] под диригентството на [[Ендрју Парот]] и [[Англиски Барокни Солисти]] под диригентство на [[Џон Елиот Гардинер]].
 
Кај [[пијано]]то, разликата помеѓу верзиите од XVIII век и денешните верзии се веројатно најголеми од било кој инструмент; за расправа на овие разлики и нивните последици по изведбата, видете [[Историја и изведба на пијаното]]. Реконструкциите на пијана од XVIII век започнале нешто подоцна од реконструкциите на чембала, но ги исползуваат истите вештини, бидејќи раните пијана имале слична конструкција како чембалата. Најистакната денешни изведувачи на рано пијано („[[фортепијано]]“) се [[Малком Билсон]], [[Роберт Левин]] и [[Мелвин Тен]].
 
===Пеење===
[[Слика:Angelo Manzotti.jpg|thumb|right|250px|[[Сопранист]]от [[Анџело Манцоти]] во изведба]]
Иако биолошки даден, човечкиот глас може да се извежба на разни начини. Пејачите на автентични изведби целат на поприродна и помалку бучна изведба на не толку гласни тонови, обично со помалку вибрато. Небучната изведба е изводлива заради тоа што инструментите кои истовремено свират се помеки. Неколку од инзвонредните автентични вокали се [[Ема Киркби]], [[Џулиен Беирд]], [[Најџел Роџерс]] и [[Дејвид Томас]].
 
Автентичните изведувачи користат машки пејачи наречени [[контратенор]]и за алтски арии. Иако е под прашање колку ова било често во тоа време, низа контратенори се имаат здобиено со слава заради чистотата на нивниот тон, вокалната агилност и интерпретативна вежтина. Пионер на денешното контратенорство е [[Алфред Делер]], а водечки изведувачи денес се [[Дејвид Даниелс]], [[Дерек Ли Рагин]], [[Андреас Шол]], [[Мајкл Чанс]], [[Дру Минтер]], [[Даниел Тејлор]] и [[Брајан Асава]].
 
Еден проблем се јавува кога се работи за дела кои треба да бидам извеувани од [[кастрат]]и. Денешните замени се женски сопрани или високо контратенори ([[сопранист]]и), но ниеден од овие неможе да го долови вистинскиот кастратски звук. Филмот ''[[Кастратот Фаринели]]'' (1994) за кастрат од VIII век користи дигитални ефекти за создавање на глас со мешање на гласовите нма контратенор и сопран.
 
Употребата на [[момче-сопран|момчиња-сопрани]] во извесна музика (како црковната музика на [[Бах]]) и историски автентична, е ретка заради верувањето дека младите момчиња неможат да внесат емотивно разбирање за музиката како возрасните женски сопрани. Но гласовите мутирале подоцна од денес во XVIII век, па така некои момчиња на возраст од 16 или 17 години сеуште можеле да пеат акко сопрани. Ваквите хорови не се ретки, иако музиката за соло момчешки сопран е ретка. Најчести примери се снимките на [[Николаус Харнонкур]] и [[Густав Леонхарт]] на Баховата музика каде пеат момчиња-сопрани дури и соло.
 
==Повраќање на раните изведбени практики==
Повраќањето на достапните пишани информации за начинот на музичка изведба во минатото е тешка академска задача, која бара течно познавање на повеќе јазици, вештина во навигација низ стари архиви, и промислено расудување на понекогаш констрадикторни наоди. Како педагошките дела, така и дописките на музичарите се важни како материјал. Репрезентативни за делата од кои истражувачите имаат добиено вредни информации се:
 
*''[[Синтагма музикум]]'' (1614-1620) од [[Михаел Преториус]]
*''Traité de l'Harmonie Universelle'' („Трактат за универзалната хармонија“, 1627) од [[Марен Мерсен]]
*''Versuch einer Anweisung die Flöte traversiere zu spielen'' („Трактат за поучување во свирењето на трансверзална флејта“ 1752) од [[Јохан Јоаким Кванц]]
*''Versuch über das wahre Art das Klavier zu spielen'' („Есеј за вистинската уметност на свирењето на клавијатури“, 1753-1762) од [[Карл Филип Емануел Бах]].
*''Versuch einer grundliche Violinschule'' („Есеј за основните принципи на виолинството“, 1756) од [[Леополд Моцарт]]
 
Меѓу писмата на музичарите треба да се оздвојат оние на [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцарт]] како особени по нивната живост и увид, и токму од нив се добиени значителни информации за извдебата на неговите дела. Во случајот на [[Јозеф Хајдн|Хајдн]] и [[Лудвиг ван Бетовен|Бетовен]] ја имаме предноста што тие станале многу славни и длабоко почитувани уште додека биле живи, па така многу луѓе кои разговарале со нив направиле напори за запишување на реченото.
 
===Толкување на музичка нотација===
[[Слика:Kdf2.jpg|thumb|right|250px|Вовед на [[фуга]] од делото ''[[Музички дар]]'' од [[Ј.С. Бах]]]]
Од круцијално значење тука е толкувањето на музичката нотација од минатото, која станува сѐ понејасна како што одиме поназад во времето. Еве некои познати потешкотии:
 
*Раните композитори често се служеле со [[пролонгациона точка|пролонгациони точки]] до нотите (каде првата од двете ноти е трипати подолга од втората) со значење наместо сооднос на траење 2&nbsp;+&nbsp;1, во контекст каде насекаде на друго место се присутни [[триола|триолите]]. Добар пирмер за ова е почетната линија на последниот став од [[Бах]]овите [[Бранденбуршки концерти|Бранденбуршки концерт Бр.5]].
 
*Кај [[Француска увертира|Француската увертира]], често се смета дека нотацијата означува [[пролонгациона точка|двојна точка]]; т.е. сооднос на траење 7 на 1 наместо 3 на 1. Добро познат пример е увертирата на [[Георг Фридрих Хендл|Хендловиот]] ''[[Месија (Хендл)|Месија]]'', често свирена во во двоточен манир од стручњаците на автентичната изведба.
 
*Особено кај француската [[барокна музика]], композициите во рамномерен ритам понекогаш се изведуваат како да нотите се [[прологациона точка|со точки]] или во [[триола|триоли]], во практиката позната како [[нееднакви ноти]] и слично на [[свинг (музика)|свинг]] [[џез]]от.
 
*Напишаното како [[Орнамент (музика)#(Долга) апогијатура|апогијатура]] често впрочем е пократко или подолго од назначеното траење. Оваа практика е сеприсутна во Моцартовата музика.
 
*Кај [[Ренесансна музика|ренесансната музика]] се користи [[музика фикта]]; овие се [[Алтерација|алтерации]] (диези и бемоли) кои не се запишани во партитурата, но констатирани по расудување на изведувачот или по правила поставени од теоретичарите.
 
*За крај, нотите во пораната музика не можат да се истолкуваат со еднаква висина како денешните, заради тоа што концертната звучна висина често се има менувано. Расправа по тоа прашање на [[висина (музика)]].
 
===Механичка музика===
Извесни информации за начинот на свирење на инструментите порано може да се добие од звукот на автомати. На пример, холандскиот музеј Van Speelklok tot Pierement има механички инструменти од XVIII век чија музика била компонирана и имплементација нагледувана од [[Јозеф Хајдн]].
 
===Лингвистички прашања===
Друга проблематика кај автентичната изведба е прашањето како зборовите во делата се изговарале при првата изведба. Овие информации помагаат во воспоствавување на римата и порамнување на слоговите со нотите. Дисциплините [[историска лингвистика]] и [[филологија]] тука играат главна улога. Некои изведувачи на автентична музика претпочитаат да го користат стариот изговор, сметајќи дека нотите звучат подобро пеени во нивните изворни слогови.
 
Прашањата за изговор достигаат дури до црковниот [[латински]], јазикот на кој биле компонирани огромен број од раните музички дела. Причината за ова е вообичаениот начин на изговор и нагласок според локалниот народен јазик; видете [[Регионални изговори на латинскиот јазик]].
 
===Штимање===
[[Слика:HarpsichordTuning.jpg|thumb|right|230px|[[Штимање]] на [[чембало]]]]
Денес предоминира [[штимање]]то во дванаесеттонски [[еднаков темперамент]], но тоа не било така порано. Во многу периоди штимањето зависело од регионот, варирало од композитор до композитор, при што некои композитори претпочитале различни штимања во различни периоди од својот живот. Честопати е тешко да се одреди кои биле овие штимања.
 
==Проблеми со автентичната изведба==
Естетските благодети на автентичната изведба варираат со тоа каква музика се изведува. Грубо земено, тие се карактеризираат вака:
 
*Историски-запознаената музичка изведба постогнува поголема транспарентност на музичка текстура. Инструментите имаат помалку наметливи, така што свирењето на една нота не се неша до таа мера со јаснотијата на други или соседни ноти.
 
*Кај оркестралните изведби, приметено е зголемувањео на динамичкиот констраст: уделот на лимените дувачки инструменти и тимпаните на нагласните ноти се поизразени од другото, бидејќи разликата вонивото на волумен помеѓу нив и жичените инструменти е нешто поголема одколку кај денешните инструменти.
 
*Поголема транспарентност и поголем динамички констраст пак, резултираат со поголемаримтичка енергичност. Ова е особено значајно за хоровите во [[кантата|кантатите]] и [[ораториум]]ите од XVIII век. На увото навикнатно на автентична изведба, востановените вообичаени изведби на вакви дела му звучат тромави и ритмички тапи. Парадоксално, за ваквите слушатели, монументалниот карактер на ваквите хорови се восприема појасно кога тие се изведуваат со лесниот звук на автентичната изведба.
 
*Многу слушатели ги ценат самите звучни квалитети на автентичните инструменти, кои се чинат поубави и повеќе полни со карактер одколку современите инструменти. Истото може да се рече и за човечкиот глас, каде нема потреба од натпреварување по волумен со современите инструменти.
 
==Видете исто така==
*[[Рана музика]]
*[[Листа на раномузички ансамбли]]
*[[Листа на историски инструменти]]
 
==Наводи==
<references />
*''Three Centuries of Harpsichord Making'' од Френк Хабард (1965; Кембриџ, МА: Harvard University Press ISBN 0-674-88845-6) е класична приказна за академско детективство, како за стари инструменти, така и за стари пишани дела, кои довеле до разоткривање на начинот на изработка на чембала.
*[[Даниел Лич-Вилкинсон]] (1997). "The good, the bad and the boring", ''Companion to Medieval & Renaissance Music''. Oxford University Press. ISBN 0-19-816540-4.
*[[Арнолд Долмеч]], ''The Interpretation of the Music of the 17th and 18th Centuries Revealed by Contemporary Evidence'', Лондон: Novello, 1915.
 
==Надворешни врски==
*[http://beststudentviolins.com/early.html Практика на ранобарокна виолина (1520-1650)] {{en}}
*[http://www.public.asu.edu/~jqerics/natural_home.htm Информации за „природната“ (безвентилска) хорна] {{en}}
*[http://www.medieval.org/emfaq/performers/countertenors.html Неофицијална страна на контратенорството] {{en}}
*[http://www.s-hamilton.k12.ia.us/antiqua/instrumt.html Водич низ средновековните и ренесансните инструменти] {{en}}
*[http://musicmoz.org/Styles/Classical/Occidental/Periods/Early_Music/Bands_and_Artists/ Изведувачи на историски инструменти и групи наведени од проектот „The Open Music Project“] {{en}}
*[http://www.cycleback.com/historicalauthenticity.html Дилеми при обидот за презенација на стари уметнички дела 'автентично'] {{en}}
*[http://bach.tuning.googlepages.com/ Бахово штимање] {{en}}
 
 
{{Одбрана}}
 
[[Категорија:Класична музика]]
[[Категорија:Рана музика|Изведба]]
[[Категорија:Рани музички инструменти|Изведба]]
[[Категорија:Музички инструменти]]
 
{{Link FA|he}}
 
[[de:Historische Aufführungspraxis]]
[[en:Historically informed performance]]
[[he:ביצוע אותנטי]]
[[nl:Authentieke uitvoeringspraktijk]]
[[ru:Аутентизм]]
[[simple:Period instruments]]