Алдо Климан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Дипломирал книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот “Кирил и Методиј” во [[Скопје]] ([[1974]]). Како новинар работел во Радио Скопје, на Македонска телевизија и во “Глас Истре”, дневен весник што излегува во [[Пула]].
 
Во македонската литература се јавува во [[1970]] година со песни и кратки прози. Во текот на седумедесеттите, со својата тнр. четврта генерација македонски писатели активно учествува во разнообразувањето на литературниот живот во [[Македонија]]. Бил член на редакцијата на литературниот прилог “Координати” во младинскиот неделник “Млад борец”, потоа на редакцијата на списанието “Современост”, член на македонската редакција на списанието “Дисов гласник” ([[Чачак]], [[Република Србија]]), главен и одговорен уредник на издавачката куќа “Истарска наклада” (Пула, [[Република Хрватска]]), главен и одговорен уредник на литературното списание “Истра” (Пула, [[1983]]-[[1989]] и [[1993]]) и на родокрајната илустрирана ревија “Јурина и Франина” (која излегуваше во Пула во одделни изданија на хрватски, италијански, словенечки и германски јазик). Во [[1986]] година ја основал Истарската книжевна колонија “Грозд”, која во периодот од [[1987]] до [[1990]] одржа четири големи меѓународни книжевно-научни собири (“Полемиките на југословенското литературно поприште”, “Писмото и сликата”, “Културата како репресија” и “Балканскиот мислител”) на кои учествуваа и низа истакнати македонски интелектуалци и творци ([[Катица Ќулавкова]], [[Влада Урошевиќ]], [[Радован Павловски]], [[Данило Коцевски]], [[Ферид Мухиќ]], [[Глигор Чемерски]], [[Ким Мехмети]] и други). Во Пула ги основал издавачките куќи “Либар од грозда” (1989, со [[Армандо Дебељух]] ), во која бил главен и одговорен уредник, и Истарската издавачка куќа “Жакан Јури” ([[1994]]) чиј е сопственик, директор и главен и одговорен уредник. Бил долгогодишен деловен секретар на угледната истарска културна организација Чакавски сабор и член на редакцијата и директор на антологиската едиција “Истра низ вековите” што ја обмислуваше и ја уредуваше писателот [[Зване Чрња]]. Во почетокот на деведесеттите години, на трагата на идеите на Чрња за издавањe еден сеопфатен “Лексикон на Истра”, Климан, заедно со Армандо Дебељух и со угледниот хрватски историчар [[Мирослав Бертоша]] работи врз подготовките за објавување на “Лексиконот на истарската историја и култура”. Ја покренал и ја уредува репрезентативната едиција “Историја на Истра”, а како уредник потпишува и низа други значајни проекти: хрватскоглаголскиот правно-историски паметник “Истарски развод” (“Истарски размеѓувања”) од [[1325]] година, “Ровињскиот илуминиран кодекс од XIV-XV век” (''Translatio corporis Beate Eufemie''), одбраните дела (во 5 книги) на [[Фулвио Томица]] (Fulvio Tomizza) и др.
 
Во хрватската литература, паралелно со македонската, е присутан од [[1982]] година. Со кратки прози и поезија е застапен во повеќе хрватски и македонски антологии и избори: [[Мирјана Стрчиќ]]: “Istarska pjesmarica” (Hrvatsko pjesništvo Istre 19. i 20. stoljeća), [[Борислав Павловски]]: “Gospodari labirinta” (Antologija snova, maštarija i fantastičnih priča iz makedonske književnosti), [[Борис Домагој Билетиќ|Борис Билетиќ]]: “I ča i što i kaj” (Iz suvremene hrvatskoistarske lirike), [[Даниел Начиновиќ]]: “Priče iz Istre” (Hrvatski pripovjedači XX. stoljeća), Борис Билетиќ: “Glasi književne Istre” (Izbor studija, ogleda i kritika o suvremenoj hrvatskoj književnosti u Istri /do 2000/), Катица Ќулавкова: “Maketa” (savremena makedonska kratka priča), [[Suat Engüllü]]: “Yeni Makedon Önsüsü”, [[Саво Цветанoвски]]: “Anthology of the macedonian postmodern short story” и др. Одделни песни, раскази, есеи и статии му се преведени на англиски, германски, француски, италијански, руски, полски, словенечки, романски, турски и албански јазик - а од македонски, уште на хрватски и српски јазик. Преведува од македонски на хрватски и српски, и обратно, и од француски и италијански јазик.