Пјер де Кубертен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
[[Податотека:Picswiss VD-46-57.jpg|thumb|Статуата во [[Лозана]]]]
За да ги оствари своите идеи, на [[23 јуни]] [[1894]] година барон Пјер де Кубертен одржал конгрес во просториите на [[Универзитет Сорбона|уиверзитетот Сорбона]] во [[Париз]]. На конгресот било одлучено античките Олимписки игри да се обноват, а првите модерни Олимписки игри да се одржат во [[Атина]], [[Грција]]. Традицијата на поново одржување на Олимписките игри била според античката, на секои 4 години. На конгресот бил избран Деметриос Викелас за прв претседател на МОК, а за прв секретар бил назначен Пјер де Кубертен. По одржувањето на првите модерни [[Олимписки игри]] во [[Атина]] во [[1896]] година, [[ДеметриусДеметриос Викелас]] се повлекол од функцијата претседател на ИОК, а на негово место бил избран токму Пјер де Кубертен. По Олимписките игри во Атина, во [[1900]] година биле одржани вторите Олимписки игри во Париз, родниот град на баронот. Во првата деценија на XX век, Пјер де Кубертен продолжил со афирмацијата на олимпискиот интерес, а со секои наредни Олимписки игри растел бројот на спортисти и на нови земји- учеснички. За Олимписките игри во [[Стокхолм]] во [[1912]] година де Кубертен ја претставил и дисциплината [[модерен петобој]] како комбинација на [[олимписките спортови]]: [[атлетика]], [[пливање]], [[коњички спортови]], [[мечување]] и [[стрелаштво]]. Во [[1913]] година де Кубертен ја дал и идејата за создавање на [[Олимпиското знаме]] со 5 кругови на него коишто ги симболизираат петте котиненти.
 
За време на претседателството на де Кубертен со ИОК се одржани и првите [[Зимски олимписки игри]] во [[Шамони]], [[Франција]]. По [[Летни олимписки игри|Летните олимписки игри]] во [[Париз]] истата година, Пјер де Кубертен се повлекол од функцијата претседател на ИОК, а на негово место бил избран [[Анри де Баилет- Латур]]. Оттогаш Пјер де Кубертен станал почесен претседател на Интернационалниот олимписки комитет.