Разлика помеѓу преработките на „Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези“

с
нема опис на уредувањето
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Church of St. Panteleimon (Nerezi).jpg|мини|десно|230п|Поглед на цркватѕа во рамки на манастирот]]
MанастиротЦрквата "'''СветиСв Пантелејмон'''" со истоименатае манастирска црква сево истоимениот наоѓаманастир во с. [[Горно Нерези]], на планината [[Водно]], на осум километри југозападно од [[Скопје]]. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските [[конак|конаци]]. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано [[фрескосликарство]], коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.
 
Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император [[Алексеј I Комнен]] (1081 - 1118). За подигањето на црквата во [[1164]] година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели:
 
== Градба ==
 
Црквата, според своите димензии, спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во правоаголен простор, односно комбинација со слободен крст. За градење на црквата бил употребен обичен кршен камен, изваден во околината на манастирот и тули, кои со големо мајсторство се претворени во полихромни површини што го нагласува впечатекот како објектот да израснал од една монолитна стена, која во горниот дел завршува со една поголема осмострана и четири помали четиристрани куполи.
 
 
== Живопис ==
 
Над цоклата која имитира разнобојни мермерни плочи, во првата зона, се насликани фигури на светители во цел раст - неповторлива галерија на ликови со максимално издиференцирани физиономии. Во просторот на олтарот, по столбовите и на ѕидовите на црквата се насликани допојасни претстави на светители во медаљони, меѓу кои, со својот прекрасен колорит и ненадминлива експресивност, посебно се истакнуваат ликовите на светите врачи Кузман и Дамјан.
 
 
[[Податотека:Lamentation icon Nerezi MK.jpg|мини|десно|230п|Оплакување Христово]]
 
Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка.
Богородица во оваа композиција не е онаа позната мајка од постариот живопис, која со крајно воздржани гестови, со лесно наведната глава, или само со малку крената рака ги искажува внатрешните чувства. Меѓутоа нерешката Св. Богородица плаче, нејзината болка ги раскинува срцата. Ѓотовата Св. Богородица е претставена како млада силна жена со малку натажено лице.
{{Commons|Category:Paintings in St. Panteleimon's Church, Nerezi|Икони во црквата „Св. Пантелејмон“}}
 
[[Категорија:Цркви во Македонија|ППантелејмон]]
[[Категорија:Македонски манастири]]
 
[[bg:Свети Пантелеймон (Горно Нерези)]]