Менструален циклус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 76:
Почетоците на менструациите на жени кои живеат блиску или заедно може да имаат тенденција до некаде да се синхронизираат. Овој т.н. Мекклинточки ефект прв пат беше опишан во 1971 година, а во 1998 година беше изнесено можното објаснување со дејството на феромоните. Но сепак, понатамошните истражувања ја ставија под знак прашалник оваа претпоставка.<br />
 
=== Абнормалности на менструалниот циклус ===
Ретката или нередовна овулација се нарекува олигоовулација. Недостатокот на овулација се нарекува ановулација. Нормалното менструално крварење може да се случи и ако не му претходи овулација: тоа се нарекува ановулаторен циклус. Кај некои циклуси фоликуларниот развој може да започне, но да не биде довршен. И покрај тоа, естрогените хормони го формираат и стимулираат задебелувањето на ендометриумот. Ановулаторното крварење како резултат на многу дебел ендометриум, кој е задебелен поради одолговлеченото и продолжено задржување на високото ниво на естрогенот, се нарекува крварење поради покачување на естрогенот. Ановулаторното крварење предизвикано од ненадејното опаѓање на нивото на естрогенот се нарекува крварење поради повлекување на естрогенот. Ановулаторните циклуси често се случуваат пред менопаузата (перименопауза) и кај жени со синдром на полицистични јајчници.