Шаховска стратегија и тактика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''[[Шах]]овската стратегија и тактика''' има еволуирано низ вековите преку запаметување на успесите на најдобрите играчи. За најголеми шанси за победа, играчот мора брзо да ги мобилизира сите фигури и да им обезбеди простор за маневар, додека истовремено му онезоможува на неговиот противник да го направи истото. Овој таканаречен „позиционен“ пристап кон шахот е основа на современата шаховска стратегија. Се разбира, доброто позиционирање на [[шаховска фигура|фигурите]] само создава ''прилики'' за победа. За завршување на партијата со победа, играчот мора да прави прецизни пресметки на низите од потези (варијации) кои или водат до наполна победа, или до значајна предност, и сето тоа додека му оневозможува на противникот да изведе слични такви низи.
 
За разлика од позиционите концепти на кои се заснова шаховската стратегија, шаховската тактика му овозможува на играчот да го диктира начинот на кој фигурите се играат, заедно со геометријата на шаховската табла, за веднаш да постигне разни цели, често против волјата на неговиот противник. Овие цели можат да бидат напади врз кралевите за зацрвснување или спречување, смалување (елиминација) на противничките сили на број помал од бројот на сопствените, или создавање на непожелни тешкотии кај противникот на некој друг начин.
Ред 12:
: ''Главна статија: [[Поенска вредност на шаховските фигури]]''
 
Материјалната предност е нешто што важи и за стратегијата и за тактиката. Доколку се има контрола врз повеќе [[шаховска фигура|фигури]], или помоќни фигури, отколку противникот, тогаш се имаат поголеми можности. Затоа почетниците секогаш се советуваат да ги земаат противничките фигури и да ги штитат своите. За ова мора да се има увид во вредноста на фигурите.
[[Коњ (шах)|Коњот]] е отприлика вреден колку и [[Ловец (шах)|ловецот]] (овие две се нарекуваат '''лесни фигури'''), но помалку вреден од [[Топ (шах)|топот]], а уште помалку вреден од [[Кралица (шах)|кралицата]] (топовите и кралиците се нарекуват '''тешки фигури'''). Ловците обично се сметаат за малку подобри по коњите на отворени позиции (како кон крајот на партијата, кога многу од фигурите се земени), додека коњите имаат предност на затворени позиции. Имањето на два ловца претставува особено моќно оружје, посебно ако противникот има изгубено еден или два ловца.