Демократска армија на Грција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ен
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
За време на [[Информбиро|Резолуцијата на Информбирото]] и кон крајот на војната, со заладувањето и прекинот на односите меѓу КПГ и КПЈ, многу борци-Македонци (повеќето млади, помлади и од 18 години) биле осудени на смрт преку монтирани судски процеси од страна на КПГ под обвинение дека се „титови агенти“ и „дезертери“, познати масовни стрелања на македонски борци до ДАГ се Буфската и Африканската афера, стрелањето на неколкумина Македонци од с.[[Герман]] и друго.
 
На почетокот ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На вториот конгрес на [[НОФ]] одржан на [[9 март]] [[1949]] година, ќе се усвои одлуката за „обединета„[[Обединета Македонија|обединета и независна Македонска држава]] во рамките на Балканската федерација“. Имајќи ја во предвид состојбата поради Резолуцијата на Информбирото и заладените односи со КПЈ, КПГ ја прифаќа оваа парола и ја поддржува користејќи ја за пресметка со КПЈ и КПМ. По ова прашање имало два различни ставови, едниот на [[Паскал Митревски]] сметал дека [[Вардарска Македонија]] ќе треба да се припои кон Егејска Македонија, додека пак ставот на [[Михајло Керамитчиев]] и [[Вангел Ајановски-Оче]] сметал дека [[Егејска Македонија]] треба да се припои кон Вардарска Македонија со оглед на тоа дека на територијата на Вардарска Македонија веќе постои НР Македонија официјално призната како национална држава на Македонците и дека Отечественофронтовската влада на [[Бугарија]] на чело со [[Георги Димитров]] подготвува припојување на [[Пиринска Македонија]] кон [[Вардарска Македонија]]. По битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]] КПГ го отфрла овој став и се враќа на стариот став за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава.
 
==Расформирање на ДАГ==