Малешевска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Малешевската котлина''' се наоѓа во крајниот источен дел на Македонија и зафаќа површина од 192 км2km2. Од сите страни е заградена со планини и тоа: на север со [[Голак]] и [[Беаз Тепе]], на југ со [[Огражден]], на исток со [[Кадиица]] и [[Влаина]] и на запад со [[Плачковица]] и [[Обозна]]. Овие планини се богати со шуми во кои преовладуваат [[Бука|буката]], [[Даб|дабот]] и [[Ела|елата]]. <ref>{{цитирана книга|last=Marković|first=Jovan Đ|title=Geografske oblasti Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije|publisher=Zavod za izdavanje udžbenika Socijalističke Republike Srbije|date=1967|language=српско-хрватски}}</ref>
 
Освен тоа тие изобилуваат со сочни [[пасишта]], [[дивеч]] и со [[лигнит]]. [[Рудник Брик|Рудникот Брик]] располага со резерви на лигнит доволни за 25 години експлоатација со просечно производство од 90 илјади тони годишно.
 
'''Малешевската котлина''' е висок предел во источниот дел на Република Македонија. Го зафаќа изворскиот слив на реката [[Брегалница]], до нејзината клисура над с. [[Разловци]]. Тоа е опколено со [[Малешевските Планини]] и со разграноци на [[Влаина]], [[Голак]] и [[Плачковица]], а е отворено само накај север по долината на [[Брегалница]]. Преку Малешевијата. водат две регионални сообраќајници. Една што го поврзува на север со [[Пијанец]] и на југ со [[Струмичката Котлина]], и друга што го поврзува на запад со [[Кочанската Котлина]] и на исток со долината на [[Струма]]. Првпат се спомнува во една повелба на византискиот цар [[Василиј II]] во 1020 г. Во времето на османлиското владеење управно средиште на Малешевијата било [[Пехчево]] (тогаш [[Османија]]); а потоа оваа улога ја презема [[Берово]]. Во Малешевијата има 14 села и две градски населби – [[Берово]] и [[Пехчево]]. Од селата, 8 и припаѓаат на општината [[Берово]], а 6 на општината [[Пехчево]]. Населбите се од збиен тип и се населени со Македонци. Во с. [[Црник]] има [[Турци]] и [[Роми]]. Бројот на населението е во стагнација. Во 1961 г. овде живееле 20.048 ж., и во 2002 г. скоро исто толку – 19.458 ж. Малешевци претежно се занимаваат со сточарство, овоштарство и со производство на компири.<ref>[[Ј. Павловиќ]], ''Малешево и Малешевци'', Београд 1928;</ref><ref>''Малеш и Пијанец, Природни и социо-географски карактеристики'', [[МАНУ]], [[Скопје]] 1980.</ref>
 
Котлината има средна надморска височина од 900 метри и спаѓа меѓу највисоките наши котлини со [[Мариово]] и [[Преспа]]. Во пролетниот и летниот период Малешевската котлина има изглед на зелена оаза поради непрегледните [[ливади]] и пасишта. Сликата и пејсажот го надополнуваат и многубројните овоштарници со сливи, круши и јаболка со кои котлината е надалеку позната.
Ред 21 ⟶ 23:
 
[[Категорија:Котлини во Македонија]]
[[Категорија:Малешевија]]
 
[[bg:Малешево]]