Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 84:
[[Податотека:Лесновски манастир 02 .jpg|мини|десно|300п|<small>Лесновски манастир</small>]]
 
Во историската наука не е докрај разјаснето потеклото на Јован Оливер како и потеклото на многумина средновековни феудални владетели во [[Македонија]]. Постојат повеќе претпоставки во науката за неговото потекло, а некои истакнуваат дека тој имал западно потекло други пак го поврзуваат со византиската фамилија Ливерос и го сметаат за грк.

Во постарата литература имало мислење дека Оливер бил брат на познатиот ''севастократ'' и ''деспот'' Дејан, кои бил североисточен сосед на Оливер, меѓутоа во поновата литература таквите мислења се отфрлени.

Наспроти ваквите ставови еден дел од македонските историчари сметаат дека потеклото на Оливер е домородно и неговото потекло го поврзуваат со [[Македонија]] <ref name="AA" />.

Дополнително на овие ставови, се истакнува дека е можно пред српските навлегувања во [[Источна Македонија]], Јован Оливер да бил византиски феудалец кои се откажал од византиската централна власт и се покорил на [[Стефан Душан]] и на тој начин овој дел од [[Македонија]] побрзо подпаднал под власта на српската држава.
 
== Ктиторство ==