Љубен Лапе: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
+кат и одредена неутрализација
Ред 1:
Големиот македонски историчар '''Љубен Лапе''' е([[Прилеп]], роден[[1910]] вогодина Прилеп- во[[Скопје]], 1910[[1985]] година) е македонски историчар. Потекнува од сиромашно, но родољубиво семејство. Студиите ги завршил во [[Белград]]. Се вклучува во прогресивната студентска и работничка младина, која го продолжи недовршеното дело на илинденските борци.
 
По Ослободувањето оди таму каде што го влече умот, срцето и потребата, станува наставник, педагог и страствен истражувач на историјата на својот народ. Љубен Лапе ги заорува првите бразди и по себе остава длабоки траги во разгранувањето на целокупното македонско историско минато. Неговите студенти од првите генерации го нарекуваат „македонски Херодот”, „Татко на македонската историја”. Љубен Лапе се истакнува во својата работа во повеќе правци: како организатор на наставата и научните институции, наставен педагог, истражувач и автор.
 
Основоположник е на Филозофскиот факултет (1946), на Катедрата и семинарот по историја (1948), Архивот на Македонија, Друштвото на историчарите и други институции. До крајот на својот живот се грижи за збогатување на историскиот книжен и архивски фонд на Република Македонија, постојано продлабочувајќи ги научните сознанија за да им ги пренесе на своите студенти.
Како автор има напишано бројни научни трудови, разни студии, статии, реферати и монографии. Зад себе остави документирани зборници, автор е на „Историјата на Македонија во XVIII, XIX, XX век”, „Пере Тошев во спомените на своите современици”, „Еден глас за сета Македонија”, „Димитар Поп Ѓорѓиев-Беровски” и др.
 
Тој е добитник на високи републички признанија и награди: „Климент Охридски”, „Гоце Делчев”, „Деветти септември”. Одликуван е со „Орден на трудот II ред”, „Орден на Републиката со златен венец” (1978) и многу други признанија и е долгогодишен член на [[МАНУ]].
Умира во Скопје 1985 година, оставајќи зад себе многу трудови за осветлување на историјата на македонскиот народ со што стана и самиот дел од неа.
 
[[Категорија:Македонски историчари|Л]]