Балкански сојуз: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+bg
Pakko (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
Балканскиот сојуз е едната од страните која ја води [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]]. Судирот на сојузниците, по војната води до [[Меѓусојузничка војна|Меѓусојузничката војна]].
 
Преговорите за создавање на [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] започнале есента [[1911]] година. Особено компликувани биле преговорите меѓу [[Србија]] и [[Бугарија]], и тоа поради несогласувањата околу поделбата на [[Македонија]]. Под силен притисок на [[Русија]] двете страни биле принудени на разни отстапувања. За да започнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот [[Санстефански договорДоговор]] и на Србија да и го признае правото на дел од [[Македонија]]. Според тоа, мотивите за создавање Балкански сојуз е поделбата на [[Османлиска Империја|Османлиското]] наследство во Европа (тоа го вклучува и Македонија), а непосреден повод била [[Италијанско-турска војна|Италијанско-турската војна]] во [[1911]] година, бидејќи Османлиската Империја била зафатена на друго место.
 
Потпишувањето на спогодбата, според бугарската влада, било забрзано од следните причини: таа сметала дека [[Младотурци]]те ќе го истребат бугарското население во [[Тракија]] и во Македонија; дека руско-турските преговори ќе овозможат користење на [[Босфор]]от и на [[Дарданели]]те на руската флота, со што ќе ја загуби Русија како заштитник на бугарските интереси во случај на војна со [[Турција]], дека врз основа на спогодба меѓу [[Австро-Унгарија]] и [[Романија]] ќе се овозможи проширување на Романија на бугарска територија и дека Турција ќе отпочне превентивна војна против Бугарија. Сите овие стравови биле оправдани.