Бугарија (тема): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тема''' е воено-административна област на [[Византија]]. Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име{{факт}}, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во [[Ромеи]] ([[Византијци]]). Во таа насока, Византија ги менува етногеографските имиња на областите и ги заменува со соседни за нив{{факт}}. Затоа, '''во [[10 век]] Византија териториите на најголемиот дел од Македонија, цела [[Србија]], [[Војводина]] до [[Срем]], делови од [[Албанија]] и [[Црна Гора]] ги сместува во новофомирана тема Бугарија''', додека етногеографската територија на [[Бугарија]] ја сместува во тема [[Паристрион]], уште наречена [[Мизија]] или [[Загоре]]. Географската област [[Тракија]] византијците ја инкорпорираа во тема Македонија, а пак областа околу [[Цариград]] во тема Тракија.
 
[http://img53.exs.cx/img53/6537/ThemesintheByzantineEmpireunderBasilII.jpg Мапа на Византија со Темите од 1025 г.]
 
'''Центар на византиската тема Бугарија бил градот [[Скопје]].'''
 
 
== Историја на тема Бугарија ==
 
Од [[972]] г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Цар Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава од Византија, туку тие беа за Византија само бунтовници. Цариградскиот Византиски Патријарх не го призна Самоил за Цар, туку Папата [[Гргур V]]. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните [[Македонија]], Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и областао колу него, станува тема Тракија, а жителите на тема Тракија географски Траки. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители ([[Македонци]], [[Срби]], [[Црногорци]]) на темата Бугарија беа за Византија [[бугари]] (Voulgaroi). Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион, Загорје или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци, Загорци или Мизи <ref>(Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).</ref>
 
[[Самоилово царство|Државата на Самоил]] се простираше на територијата на византиската тема Бугарија, па затоа византиските хроничари од 11 век зборуваат некогаш за [[Цар Самоил]] и неговите територии како бугарски. Но, тие мислат на темата Бугарија со центар во Скопје, а не на државата Бугарија.
 
== Византијците го воведуваат името Бугарин (Воулгарос) за сите жители на Тема Бугарија ==
 
Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.[[Теофилакт Охридски]], грк, родум од [[Еврип]], е Архиепискот на [[Охридска Архипископија|Охридската Архипископија]] од [[1090]] г. до [[1119]] г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" <ref>(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)</ref>.
 
Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св.[[Свeти Климент Охридски]] бил "прв епископ на бугарски јазик" <ref>(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.).</ref>
 
Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. "Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот [[Димитриј Хоматијан]], родум од [[Ликија]] ([[Мала Азија]]), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: <ref>"тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија" </ref><ref>(Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. )</ref>. Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта <ref>(Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171)</ref>. За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари{{факт}} и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.
 
Инаку, народите од византиската Тема Бугарија никогаш не се чувствувале или нарекувале бугари. Така, ниту еден средновековен етнички Македонец, не се изјаснувал како бугарин ниту пак својот јазик никогаш го нарекол бугарски.