Антички Македонци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите <ref>(Justin. VII, 1, 3)</ref>. Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, вели Херодот <ref> "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик'''" (Херодот I, c. 57-58)</ref>. Тоа значи дека Пелазгите постоеле како жив народ во времето на Херодот, а тоа биле античките Македонци и нивните пелазгиски сродни народи Етолците и Акарнаните.
 
Античкиот елински географ Страбон<ref>, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија"</ref>. Понатаму, <ref>Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населувале таа земја <ref>(Страбон, стр. 221, 4)</ref>. Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски). На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини <ref>(Страбон V, 2, 4)</ref>. Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess <ref>(Tit Livi, book XXX, p. 29)</ref>.
 
Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло според грчкиот антички писател Херодот. Како најголеми докази за нееленското потекло на Античките Македонци се сметаат фактите што тие за античките Грци биле варвари со неразбирлив јазик и познатите говори на Демостен против македонскиот император [[Филип II Македонски]] и неговиот син [[Александар III Македонски]] познати под името „Филипики“ <ref> Филип (македонскиот Цар)…не само што не е грк, ниту е поврзан со грците…Тие варвари никогаш не ќе можат да се наречат Елини...(Демостен, [[Филипика]] III)</ref>.