Коле Чашуле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Коле Чашуле''' ([[Прилеп]], [[2 март]] [[1921]] - [[Скопје]], [[22 септември]] [[2009]]) беше македонски романсиер, драмски писател и публицист.
Роден како Никола Кепев, четврто дете во фамилијата на Стева и Илија Кепеви, во 1925 година е посвоен од вујко му Илија Чашуле, со што званично го добива презимето Чашуле. Основно училиште и нижа државна гимназија завршува во Прилеп, а државна реална гимназија во Битола. Во 1938 година запишува студии по медицина во Белград кои ќе ги прекине во април 1941 поради започнување на војната во Југославија.
 
Од есента 1938 година активно е вклучен во комунистичкото движење. Во 1940 година ја извршил партиската задача пренесување на куфер полн со примероци на [[Бели мугри]] од Белград во Скопје и така го запознава [[Кочо Рацин]].
 
Во мај 1941 година оди во Софија со група македонски студенти со цел да се запише на тамошниот универзитет. Тогаш ги запознава [[Никола Вапцаров]], [[Венко Марковски]] и [[Тодор Павлов]]. На импровизирано литературно читање настапува со [[Венко Марковски]], [[Никола Вапцаров|Вапцаров]] и [[Блаже Конески]] со кого истото лето, по враќањето во Прилеп, подготвува заедничка поетска збирка.
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.