Коле Чашуле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
Бил директор на [[Радио Скопје]], уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, директор на драмата при [[Македонски народен театар|Македонскиот народен театар]]. Еден е од иницијаторите за формирање на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]], а едно време бил и негов претседател. Подоцна се зачленил во [[Независни писатели на Македонија]]. Членувал во [[Македонски ПЕН центар|Македонскиот ПЕН центар]]. Бил член и на [[Македонска академија на науките и уметностите|Македонската академија на науките и уметностите]].
 
Чашуле во 1952 година заминува на својата прва дипломатска должност во Торонто, каде е именуван за генерален конзул на [[Југославија]] во [[Канада]]. Подоцна станува и југословенски амбасадор во [[Боливија]], [[Перу]] и во [[Бразил]].
Во 1956 година е именуван за прв министер за култура на [[Народна Република Македонија|НР Македонија]].
 
Почина во Скопје на 22 септември 2009, на 88 години.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114041 Почина Коле Чашуле]</ref>