Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Damjanc (разговор | придонеси)
Ред 14:
 
==АИКИДО ИСТОРИЈА==
'''Изворното [[Аикидо]]''' потекнува од вештината аики-џицу, која што датира од 9-ти век од Јапонија. Истата била вклучена во борбената обука на самураите, базирајќи се врз техниката на одбрана. Оваа вештина ја изучувал и основачот на современото Аикидо МорихејМорихеи Уешиба (1883 - 1969), познат на илјадници ученици на Аикидо во целиот свет како О Сенсеи - Големиот Учител. Како голем експерт во боречките вештини, не бил задоволен од ниедна затоа што во сите имало премногу насилство, повредени или мртви. Уешиба сметал дека борбата чија што цел е да го повреди или убие противникот треба да се забрани.
Сите овие причини го натерале Уешиба да го создаде својот систем во 1925 година којшто го нарекол
Аикидо. Со тоа тој направил голем скок од џицу, кон ДО системот односно кон неборечките вештини.
Ред 20:
Суштината на сите Аикидо техники е во употребата на сферични движења околу стабилен, исполнет со енергија центар. Дури и кога во некоја техника се чини дека се употребува само еден дел од телото, набљудувајќи одблиску се открива дека движењата во аикидо се всушност целосни телесни движења. Правилно изведени, некои техники се спектакуларни, фрлајќи го опонентот во воздух. Другите се мали, брзи движења кои го здрвуваат или го прават неподвижен противникот. Тоа се постигнува преку употреба на силата на лост, инерција, гравитација и акцијата на центрифугални и центрипетални сили. Во глобала, тоа е енергијата на самиот напад која што го руши напаѓачот.
Вежбањето Аикидо опфаќа широко подрачје на стилови и тренинг, и им дозволува на луѓето да тренираат врз основа на нивните индивидуални нивоа и развој.
 
 
==РЕАЛЕН АИКИДО==