Пајаковидни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
== Однесување и значење ==
 
Обично арахнидите се предатори. Тие често ловат или демнат мали животни како [[инсект]]и. Храната може делумно или целосно да се распадне од секретираните течности и дури потоа да се вцица. Пајаковидните имаат прости очи и различни структури кои помагаат при фаќањето на пленот, како што се сегментираните, боцкасти опашки на скорпиите и абдоминалните боцки со кои пајаците конструираат елаборирани стапици за инсектите. Дерматофагоидите го сочинуваат најголемиот и најразновиден ред на пајаковидни животни, по што следат пајаците. Некои дерматофагоиди се хранат со [[растенија]], а неколку видови се сериозни земјоделски штетници. Некои се предатори и често се хранат со други видови дерматофагоиди. Паразитскиот стил на живот е чест меѓу дерматофагоидите специјализирани за паразитирање на [[рептили]]те, [[птици]]те и [[цицач]]ите. Крлежите имаат во себе [[Организам|организми]] кои предизвикуваат сериозни човекови болести, како [[борелиоза]].
 
Убодите од некои пајаци и бодежите на неколку видови на скорпии се опасно отровни за луѓето (пајакот [[црна вдовица]], [[Кафеав пајак пустиник|кафеавиот пајак пустиник]]). Но, повеќето пајаковидни се безопасни и учествуваат во одржувањето на балансот во природата со контролирање на популациите на инсектите.