Фудбалска репрезентација на Уругвај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот менува: до сега -> досега
Ред 4:
Уругвај го освоил [[Светско првенство во фудбал|Светското првенство]]; првиот пат во [[Светско првенство во фудбал 1930|1930]] година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето [[Фудбалска репрезентација на Аргентина|Аргентина]] со 4-2. Втор пат го освоиле во [[Светско првенство во фудбал 1950|1950]], кога во финалето со 2-1 го победиле [[Фудбалска репрезентација на Бразил|Бразил]]. Тимот исто така освоил и две златни медали на [[Олимписки игри|Летните олимписки игри]] во [[Летни олимписки игри 1924|1924]] и [[Летни олимписки игри 1928|1928]], пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во [[20 век]] за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.
 
Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај до сегадосега учествувале на Светското првенство: [[Фудбалска репрезентација на Северна Ирска|Северна Ирска]] (3 пати), [[Фудбалска репрезентација на Велс|Велс]], [[Фудбалска репрезентација на Кувајт|Кувајт]], [[Фудбалска репрезентација на Словенија|Словенија]] и [[Фудбалска репрезентација на Тринидад и Тобаго|Тринидад и Тобаго]]. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила [[Олимписки медал|Олимпискиот медал]] во било кој тимски спорт.
 
Уругвај е и најмалиот член на [[КОНМЕБОЛ]]-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. Без оглед на тоа, Уругвај го освоил 14 пати [[Американско првенство|Американското првенство]], рекорд кој го споделува со Аргентина.