Тесалоника Македонска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот менува: во предвид -> предвид
Ред 2:
'''Тесалоника''' (Θεσσαλονίκη) (352 или 345 п.н.е. - 295 п.н.е.) била македонска принцеза а подоцна и македонска кралица. Родена е како незаконска ќерка на македонскиот крал [[Филип II Македонски|Филип II]] и неговата [[тесалија|тесалиска]] конкубина [[Никесиполис]]. Филип на денот на нејзиното раѓање извојувал важна победа во Тесалија, па затоа и го дал името "Тесалиска победа" ("Θεσσαλο" и "νίκη"). Набрзо после нејзиното раѓање мајкаи починала, па грижата за неа ја презела кралицата [[Олимпија]], која со Никисеполис била добра пријателка. Со оглед на тоа што Тесалоника не била законско дете, главно била поштедена од сплетките околу одржувањето на династичката лоза.
 
Но таа ситуација се променила кога во [[323 п.н.е.]] починал нејзиниот полубрат, славниот [[Александар Македонски]], а дијадосите почнале да се интересираат за неа, имајќи во предвид дека доколку се оженат со неа ќе го легитимираат своето преземање на Александровата империја. Тесалоника цело време и останала верна на својата маќеа, дури и [[317 п.н.е.]] била заедно со неа при опсадата во Пидна од страна на [[Касандар]]. [[315 п.н.е.]] Пидна паднала во рацете на Касандар, Олимпија била убиена а Касандар потоа се оженил со Тесалоника. Во бракот со Касандар, Тесалоника родила три сина: [[Филип V Македонски|Филип]], [[Антипатар II Македонски|Антипатар]] и [[Александар V Македонски|Александар]]. Касандар на својата жена и оддал почит на тој начин што новата македонска престолнина ја нарекол по нејзиното име. Така денешен Солун по тој повод го носи името на Тесалоника.
 
После смртта на Касандар, [[297 п.н.е.]] а веднаш после него и Филип V, Тесалоника се обидела да ги убеди Антипатар и Александар да владеат заеднички. Но Антипатар не ја послушал, наместо тоа го протерал од Македонија својот брат Александар а Тесалоника ја убил.