Српско-бугарска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот менува: сé -> сè
Ред 29:
На југ од гр. Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија, откако ќе го преземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 km, а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска страна, на 4.ноември го заземале гр. Трн.
 
Бугарската војска и понатаму се повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4.ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска. Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сéсè на сéсè околу 12.000 луѓе, наспроти скоро 25.000 српски војници.
 
Со таков сразмер на силите на 5.ноември, во раните утрински часови, започнала решавачката битка помеѓу двете армии. По неколкучасовни борби кон пладне борбите се интензивирале во центарот и на левото крило на бугарската војска. Понатаму во текот на денот, битката главно се одвивала помеѓу крилата, а во центарот иницијативата била на бугарска страна, благодарение на успешната подршка на артилеријата. Така, Бугарите го задржале противникот и добиле во време до пристигнувањето на војските од Тракија.
Ред 35:
Сепак, на 5.ноември Србите постигнале значителни успеси на јужниот дел од фронтот, откако Моравската дивизија го заземала гратчето Брезник , што претставувало сериозна опасност за левото крило и позадината на бугарската војска. Со пристигнувањето на војската од Тракија, Бугарите броеле околу 20.000 војници, а Србите истовремено, со новите засилувања, броеле околу 31.000 луѓе. Ноќта на 5 спрема 6 ноември, 500-600 доброволци од Македонија и една чета од Софискиот полк на чело со кап. Паница го изненадиле српскиот батаљон на позициите на српското лево крило кај с. Ропот и откако го разбиле батаљонот биле заробени 168 српски војници, а останатите српски војници биле принудени на повлекување. По борбите водени на 6.ноември, Бугарите не само што успеале да ги задржат старите позиции, туку и ги подобриле во однос на претходниот ден. На 7.ноември, кога се одиграл решавачкиот бој, српската војска броела 40.000, а бугарската 32.000 луѓе. По уште еден изненаден напад на кап. Паница, кај с. Ржана бил разбиен српскиот батаљон на кап. Милошевиќ, по што кај српската војска настанал општ метеж. Во тешки борби, со големи загуби на двете страни, Бугарите не само што ги одбиле српските напади, туку сега започнале и да напредуваат. Во оваа битка српската армија како убиени и исчезнати загубила 2.100 луѓе, а загубите кај Бугарите изнесувале 1.800 души.
 
Додека на јужниот фронт Бугарите успеале да го сопрат српското напредување, на северниот фронт Тимочката армија, командувана од ген. Лешјанин, откако го заземала гр. Кула навлегувала сéсè подлабоко на бугарска територија. Пред притисокот на српските војски, бугарските трупи, водејќи непрекинати борби, отстапувале кон утврдувањето на гр. Видин. Всушност, на северниот фронт бугарската армија во текот на војната била во дефанзива.
 
По победата кај Сливница, на јужниот фронт Бугарите прешле во настапување кон запад, а српската војска започнала во паника да се повлекува кон нејзината политичка граница. За време на ова напредување на бугарската армија и по неколку воени победи биле ослободени градовите: Брезник на 8.ноември, Драгоман на 10.ноември, и Цариброд на 11.ноември, по што воените дејства се префрлиле и на српска територија.