Ричард I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: сеуште -> сѐ уште
Ред 33:
== Браќата против Ричард ==
 
По оваа победа, во периодот од [[1180]] до [[1183]] година се појавиле повторно конфликти помеѓу Ричард и неговиот татко. Ричард одбивал да го признае принцот [[Хенри Младиот]] за престолонаследник на тронот. Во [[1183]] година, браќата на Ричард ја нападниле [[Аквитанија]], чија цел била да го принудат Ричард кон послушност. Но Ричард, заедно со своите сили успеал да им се спротистави на своите браќа. Заробените во битката биле погубени од страна на Ричард. Принцот Хенри Малиот починал во [[1183]] година, па конфликтот накратко се ставил во мирување. Следниот поголем конфликт се случил во [[1186]] година, кога починал уште еден брат на Ричард, Жофроа. Така, Ричард станал најстар син и со тоа станал наследник на престолот. Сепак, сеуштесѐ уште бил во конфликт со својот татко.
 
Во [[1188]] година, Хенри имал намера [[Аквитанија]] да ја предаде на својот најмлад син Јован. Главно поради ова, Ричард бил принуден да создаде сојуз со францускиот крал [[Филип II Август]]. Како замена, Ричард му гарантирал на францускиот крал дека ќе му ја отстапи [[Нормандија]] и [[Анжу]]. Освен тоа, тој дал и заклетва дека ќе стане вазал на францускиот крал и дека доколку стапи на англискиот престол, ќе организира крстоносен поход. Така, тој успеал со помош на [[Франција]] да го победи Хенри II. По овој пораз, англискиот крал бил принуден да го назначи Ричард за наследник. На [[6 јули]] [[1189]] година починал Хенри II, а Ричард на англискиот трон се качил на [[3 септември]] [[1789]] година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ричард_I