Пријатели (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rubinbot (разговор | придонеси)
с Бот Менува: tt:«Дуслар» сериалы
с Бот менува: сé -> сè
Ред 45:
Џои и Чендлер имаат врски со многу жени. Чендлер си наоѓа девојка, Џенис, која се појавува во секоја сезона од серијата. Најпозната е по нејзината фраза ''„Oh... my... God!“''
 
Рос открива дека Рејчел му се допаѓала во средно, и дека сéсè уште има чувства кон неа. Во текот на целата сезона тој не успева да и каже на Рејчел што чувствува, па Чендлер и Џои му викаат да заборави на тоа. На роденденот на Рејчел, Рос заминува на палеонтолошки пат во [[Кина]]. Додека го нема, Чендлер не сакајќи и открива на Рејчел дека Рос е вљубен во неа. Рејчел решава дека би сакала да започне врска со Рос и оди да го пречека на аеродромот кога ќе се врати од Кина, без да знае дека тој се враќа со друга жена, Џули.
Фиби запознава еден научник, Дејвид, во кој се вљубува, но тој заминува во Минск за да ги продолжи неговите научни истражувања. Двајцата се разделуваат со скршени срца.
 
Ред 54:
 
=== Трета сезона (1996-1997) ===
Рејчел ја напушта работата во Централ Перк за да најде работа во модната индустрија. Ја прифаќа работата во Блумингдејлс понудена од странецот Марк. Рос е убеден дека тој сака да излегува со неа, и е љубоморен. Напнатоста меѓу нив двајца расте, и кулминира со тоа што Рејчел предложува да земат пауза. Откако ќе го слушне Марк во позадина додека тој зборува по телефон, Рос претпоставува дека Рејчел е заинтересирана за него или дека веќе се забавуваат. Пијан и во депресија, спие со друга жена, Клои. Кога Рејчел ќе му каже дека сéсè уште го сака, тој ќе се обиде да продолжат без да и каже за Клои, но Рејчел ќе дознае од Гантер и, по долга ноќ, тие ќе раскинат. Моника, Фиби, Чендлер и Џои ќе се заглават во собата на Моника и ја слушаат целата караница.
 
Моника работи во едно ресторанче каде што мора да носи плава перика и незапаливи гради. Еден муштерија, Пит, ја поканува да излезат, но таа го одбива без да знае дека е милионер. Евентуално, решава да излезе со него. Моника одбива да се бакне со него бидејќи не и е привлечен, но откако ќе се бакнат, ќе и стане привлечен. Пит станува опседнат со боксот, и, сакајќи да стане шампион, секој пат ќе биде се поповреден. Моника не може да го гледа како се повредува, и раскинуваат.
 
Чендлер раскинува со Џенис, и Џои купува пиле за милениче. Џои и Чендлер наскоро ќе почнат да се караат за пилето како да се венчани. Чендлер решава да го врати, но во продавницата не успева, па ја враќа дома заедно со патка. Актерската кариера на Џои оди лошо. Фиби наоѓа жена која исто така се вика Фиби, и која ги познавала нејзините родители. Таа ги кани пријателите на плажа. Во меѓувреме, Фиби му мести на Рос една нејзина стара пријателка, Бони. Рејчел се согласува само затоа што мисли дека Бони е келава. Рејчел се лути кога Рос почнува да се забавува со Бони, која пак, ненајдено доаѓа со нив на плажа. Рејчел не е среќна и ја тера Бони пак да ја избричи главата, за да не му се допаѓа на Рос. Двајцата почнуваат да се караат и чувствуваат дека сéсè уште се сакаат. Во меѓувреме, се открива дека постарата Фиби е мајката на Фиби. Сезоната завршува со Рос, двоумејќи се меѓу Рејчел и Бони.
 
=== Четврта сезона (1997-1998) ===
Ред 65:
Чои почнува да излегува со една актерка, Кети, но и на Чендлер му се допаѓа. Чендлер се сомнева дека таа спие со нејзин колега, и тоа и го кажува во лице. Таа е навредена и навистина спие со колегата, па затоа раскинуваат. Моника и Рејчел ги разменуваат становите со Џои и Чендлер, откако ќе го изгубат облогот. Девојките го мразат нивниот нов стан, па се обидуваат да ги убедат Џои и Чендлер повторно да се сменат со тоа што им нудат карти за натпревар на [[Њујорк Никс]]. Место тоа, се согласуваат на сé-или-ништо облог. Момците победуваат, но додека се на натпреварот, девојките се враќаат во својот стан. За возврат, им нудат на момците да ги гледаат како се бакнуваат една минута.
 
Шефот на Рејчел ја замолува да ја однесе неговата ќерка Емили, британка, во театар. Меѓутоа, Рос е оној којшто ја носи, додека пак Рејчел излегува со некој муштерија. Рос и Емили се зближуваат и се свршуваат. Групата патува во [[Лондон]] за свадбата, со исклучок на Фиби, која е во својот последен месец, и Рејчел, која не сака да го гледа Рос како се венчава. За време на пробната вечер, Моника паѓа во депресија затоа што ја помешале со мајката на Рос и поради фактот дека не е во брак. Чендлер зборува со неа, и завршуваат во кревет. Рејчел сфаќа дека сéсè уште го сака Рос, и тргнува во Лондон за да му каже. Кога стигнува, ги гледа и решава дека не е во ред да ја уништи венчавката. Свадбата почнува, но доаѓа до ненадеен пресврт кога Рос вели „Јас, Рос, те земам тебе, Рејчел“! Сезоната завршува со [[отец]]от како прашува дали венчавката ќе продолжи.
 
=== Петта сезона (1998-1999) ===
Ред 82:
Кога Чендлер и Моника ги здогледуваат Рос и Рејчел во капелата, се одлучуваат да не се венчаат. Откако ќе дознаат дека се венчани, Рос и Рејчел се согласуваат да го поништат бракот за Рос да не доживее трет развод, но тој вели дека тоа е пропаднат брак. Ја лаже Рејчел велејќи и дека го поништил бракот, а всушност не го направил тоа. Рејчел дознава за ова и го тера Рос да го поништи, но дознаваат дека не можат, па затоа поднесуваат за развод. Рос добива нова работа во [[Универзитетот Њу Јорк]], да предава палеонтологија. Евентуално, излегува и со сестрата на Рејчел, Џил, а подоцна и со една од неговите студентки, Елизабет.
 
Чендлер и Моника не се венчаа, но сепак живеат заедно, а Рејчел се вселува кај Фиби. Џои наоѓа цимерка, Жанин, и по некое време, почнуваат да излегуваат. Кога Жанин му открива дека не и се допаѓаат Чендлер и Моника, Џои и раскинува. Без работа и очаен за пари, Џои наоѓа работа во Централ Перк и оди на повеќе аудиции сéсè додека не ја добие главната улога во ''„Мек и С.И.Р.Е.Њ.Е“'', но не за долго. Пожар (почнат од пеглата за коса на Рејчел) го уништува нивниот стан. Рејчел се вселува кај Чендлер и Моника, а Фиби кај Џои. Откако Фиби дознава дека пожарот настанал поради Рејчел, тие се сменуваат со станови, бидејќи се согласуваат дека Фиби го заслужува подобриот стан, а тој е, секако, на Моника и Чендлер, па затоа Рејчел оди да живее со Џои.
 
[[Брус Вилис]] гостува во три епизоди како таткото на Елизабет и, евентуално, новото момче на Рејчел. При крајот на сезоната, Чендлер сака да ја запроси Моника, но сака тоа да го направи изненадно. Загрижен е да не се сомнева во нешто, па затоа смислува план да ја избрка од станот преправајќи се дека е против брак и сéсè што има врска со него. Навидум, сéсè се одвива како што треба, и баш кога Чендлер треба да ја запроси, се појавува поранешното момче на Моника, Ричард. Во финалната епизода, тој и кажува дека сéсè уште ја сака и малку фали да му го уништи планот на Чендлер. Ричард и нуди брак и деца, и се што таа отсекогаш посакувала. Во драматичен климакс, Моника е неодлучна меѓу љубовта кон Чендлер и нејзините желби да има сериозна врска. Кога Чендлер дознава за ова, се лути и се обидува да се соочи со Ричард. Тој приметува дека Чендлер е навистина вљубен во Моника и се откажува. Во меѓувреме, Џои и кажува на Моника за планот на Чендлер. Но, кога Чендлер пристигнува, Џои му вели дека Моника не поверувала дека пости таков план, била многу лута и рекла да не и се јавува. Чендлер со скршено срце влегува во станот и гледа дека насекаде има свеќи, а Моника на подот чекајќи да ја запроси. На плачлива, но романтична средба, Чендлер и Моника конечно се свршуваат.
 
=== Седма сезона (2000-2001) ===
Ред 108:
Џои и Рејчел се заедно само три епизоди. Откако нивната врска била платонска толку долго, сега им е непријатно да продолжат. Чарли му се враќа на едно поранешно момче. Мајк и Фиби се венчаваат пред Централ Перк на еден студен и снежлив ден. Чендлер и Моника поднесуваат за посвојување дете од една млада жена, Ерика, и одлучуваат да се преселат во предградијата на Њу Јорк. Ерика раѓа близнаци, машко и женско, кои се крстени Џек (по таткото на Моника), и Ерика. Чендлер и Моника се согласуваат дека две деца е добра работа.
 
На Рејчел и нудат работа во [[Париз]], но се двоуми дали да ја прифати бидејќи Ралф Лорен и ја нуди повторно старата работа со поголема плата (откако беше отпуштена претходно во сезоната). Конечно, се одлучува да ја прифати понудата во Париз и да ја земе Ема со неа. Групата се збогува со неа, секој посебно, и таа со сите се поздравува, освен со Рос. Тој е лут поради ова, но сéсè додека Рејчел не му каже дека и е тешко да се збогува со него. Подоцна, тие спијат заедно.
 
Во последната епизода, Рос сфаќа дека сéсè уште ја сака Рејчел и, откако таа заминува на аеродромот, тој тргнува по неа со Фиби. Во меѓувреме Џои му купува на Чендлер ново пиле и патка, бидејќи претходните две умреле (иако Џои ова не го знае, мисли дека се на некоја фарма). Но, пилето се заглавува во фузбалчето. Тие знаат дека ќе мора да го искршат за да го отворат, но ни еден не сака да го стори тоа. Конечно, Моника го уништува и го вади пилето. Меѓутоа, решаваат да ги чуваат животните кај Џои бидејќи не сакаат да се близу до бебето. Рос ја наоѓа Рејчел и и кажува дека е вљубен во неа и ја моли да не оди, но таа сепак заминува. Рос беше сигурен дека таа ќе остане, и е скршен. Кога се враќа во својот стан, наоѓа порака од Рејчел на својата говорна машина. Таа му вели дека и таа го сака и дека сака да излезе од авионот, но не и даваат. Рос внимателно слуша како Рејчел и објаснува на стјуардесата дека мора да се симне од авионот, но пораката завршува без да се знае дали се симнала или не. Рос лудо удира по машината викајќи дали се симнала или не. Одеднаш, глас позади него вели: „Се симнав“. Тој се врти и ја гледа Рејчел на прагот од неговиот стан. Тие се бакнуваат и велат дека сакаат да бидат заедно.
 
Последната сцена е кога Моника и Чендлер се селат од станот со нивните близнаци, Мајк и Фиби се одлучуваат дека сакаат деца, и Рос и Рејчел како стануваат семејство со Ема. Кога го гледаат станот за последен пат, тие сфаќаат дека мора да го остават својот клуч на масата. Еден по еден, секој пријател го остава својот клуч од станот. Тогаш, Рејчел вели да одат да се напијат уште едно последно кафе пред Моника и Чендлер да се иселат, а Чендлер одговара со саркастичниот збор, кој е и последен во серијата: „Каде?“