Дирк Новицки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Дирк Вернер Новицки''' (роден 19 јуни, 1978 год.) е германски професионален кошаркар кој настапува за тимот на [[Далас Маверикс]] во [[НБА]] лигата. Висок е 213 цм и тежи 111 кг. Кариерата ја започнува играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вурзбург. Новицки е селектиран како 9 пик од страна на тимот на [[Милвоки Бакс]] во 1998 [[НБА Драфт]]от. Истиот ден беше трејдуван во тимот на [[Далас Маверикс]] каде игра и до денешен ден.
 
Новицки е деветкратен учесник на [[Ол-стар]] натпреварите и четири пати е избран во првиот тим на [[НБА]]. Тој е единствениот Европеец кој ја има освоено [[НБА МВП]] наградата за [[најкорисен играч]] во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на [[Далас Маверикс]] беше учество во [[НБА Финале]]то во 2006 год. каде загуби од екипата на [[Мајами Хит]] со 4-2 во серијата.
 
Забележителни успеси постигнува и со репрезентацијата на [[Германија]]. На Светското кошаркарско првенство во 2002, Германија го освојува третото место, а Новицки беше прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна во 2005 на Европското кошаркарско првенство со [[Германија]] беше поразен во финалето од [[Грција]], a како утешна награда го доби МВП трофејот и на ова натпреварување.