Карлос Кастанеда: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Референци -> Наводи
с Бот менува: филозоф... -> философ..., Лос Анѓелес -> Лос Анџелес
Ред 25:
'''Карлос Кастанеда''' ([[25 декември]] [[1925]] — [[27 април]] [[1998]]) бил [[америка]]нски автор со [[перу]]анско потекло. Започнувајќи со книгата „Учењето на дон Хуан“ во 1968 година, Кастанеда напиша серијал на книги во кои го опишува традиционалниот [[шаманизам]]. Неговите книги се продадени во повеќе од осум милиони копии, преведени на 17 јазици.
 
Книгите на Кастанеда, како и самиот тој, со години се контроверзни. Приврзаниците велат дека филозофијатафилософијата и практиките кои се опишани во книгите се вистински техники за подигнување на свеста, додека останатите сметаат дека книгите се измислица. Сепак, неговата трета книга со наслов „Патот во Икстлан“ е призната како негова докторска дисертација, на [[УКЛА]], универзитетот Лос Анѓелес, Калифорнија.
 
Во книгите, Кастанеда раскажува во прво лице еднина, затоа што тие претставуваат негови лични искуства додека бил ученик на индијанскиот [[шаман]] од племето [[Јаки]], господинот [[Хуан Матус]] (Кастанеда го именува со шпанскиот збор за «господин» — „дон“), кого го сретнал во [[1960]] година, додека студирал [[антропологија]]. Кастанеда во своите книги вели дека Дон Хуан Матус ја забележал неговата енергетска конфигурација која соодветствува на онаа на еден „[[нагуал]]“, чиј дух може да стане лидер на група пророци. Тој го користи терминот ''нагуал'' да го означи делот на перцепцијата кој се наоѓа во границите на непознатото, но сепак дофатливо за човекот, тврдејќи дека, во неговата група пророци, Дон Хуан е на некој начин врската со непознатото. Кастанеда често пати ова непознато го нарекува ''невообичаена реалност'', што покажува дека тоа е всушност реалност, но дијаметрално спротивна на вообичаената реалност која луѓето, кои се длабоко понесени од секојдневните активности, ја доживуваат.
 
== Биографија ==
Малку се знае со сигурност за животот на Кастанеда, затоа што самиот тој давал контрадикторни податоци за своето потекло. Сепак, се смета дека е роден на [[25 декември]], според едни извори во [[1925]] година во [[Кахамарка]], [[Перу]],<ref>The Scribner Encyclopedia of American Lives, Volume 5: 1997—1999. Charles Scribner’s Sons, 2002.</ref> а според дуруги, тој е роден во [[1931 год]]ина, во [[Сао Паоло]], [[Бразил]]. Во 1950-те години се преселил во [[Америка]], а во [[1957]] година добил државјанство. Во [[1960]] година, се жени со Маргарет Рунјан во [[Мексико]]. Заедно живееле само шест месеци, а се развеле дури во 1973 година. Се школувал на [[УКЛА|Универзитет на Калифорнија, Лос Анѓелес]] (УКЛА), отсек [[антропологија]], каде во 1973 година се стекнал со титула — доктор по филозофијафилософија.<ref>de Mille, Richard, ''Castaneda’s Journey, The Power and the Allegory'' (Lincoln: iUniverse.com, Inc., 2001 [1976]) 27.</ref>
 
Првите три книги на Кастанеда ''[[Учењето на дон Хуан]]'', ''[[Одвоена стварност]]'' и ''[[Патот во Икстлан]]'',се пишувани додека Кастанеда бил студент по [[антропологија]] на УКЛА. Книгите се пишувани додека Кастанеда учел за индијанското знаење од човекот кого го нарекува ''[[дон Хуан Матус]]'', [[Јаки]] Индијанец од северен [[Мексико]]. Како докторска дисертација е прифатена неговата трета книга — ''[[Патот во Икстлан]]''.
Ред 45:
 
=== Вештерките ===
Во 1973 година, откако Кастанеда се повлекол од јавноста, купил куќа во Лос АнѓелесАнџелес каде живеел со три жени, познати како „Вештерките“. Откако се преселиле во куќата на Кастанеда, Вештерките ги прекинале сите контакти со роднините и пријателите. Исто така, одбивале да се фотографираат, и зеле нови имиња: [[Флоринда Донер - Греј]] (родена Регина Тал), [[Тајша Абелар]] (родена Марјан Симико) и [[Керол Тигс]] (родена Кетлин Полман). Сите три се појавувале на семинарите по [[тенсегрити]], објавиле книги во кои се претставуваат себеси како ученички на [[дон Хуан]], и повремено на радио давале интервјуа.
 
Според Кореј Донован (попознат како Ричард Џенингс), создавачот на интернет страницата Sustained Action:
Ред 52:
Кратко по смртта на Кастанеда, Флоринда и Тајша исчезнале заедно со Патриција Партин (позната и како „Синиот скаут“). Талија Беј (претседателката на корпорацијата [[Клиаргрин]], родена Амалија Маркез) и инструкторката по тенсегрити Кили Лундал ги исклучиле телефоните и исто така исчезнале. На 2 август 1998 година, Керол Тигз се појавила на една работилница во [[Охајо]], и оттогаш никој ништо не чул за „Вештерките“. Луѓето задолжени за давање информации во јавноста од Клиаргрин, изјавиле дека тие се „на пат“, и толку. Постои спекулација дека сите извршиле самоубиство.<ref name="dark">[http://www.salon.com/books/feature/2007/04/12/castaneda/index3.html The dark legacy of Carlos Castaneda] page 4 from Salon magazine 12 април, 2007</ref>
 
Поради тоа што овие жени ги прекинале сите врски со семејствата и пријателите, поминало доста време додека некој забележал дека ги нема. Не е покрената официјална истрага за изчезнувањата на Донер Грау, Симко и Ландал. Луис Маркез, братот на Талија Беј, го пријавил во полиција исчезнувањето на неговата сестра во 1999 година, но не успеал да ги убеди дека е потребна истрага. Тие го смениле мислењето во 2006 година, откако беа пронајдени смртните останки на Патриција Патрин и конечно полициската единица од Лос АнѓелесАнџелес ја стави Талија во базата на податоци за исчезнати лица.<ref name="charlie">[http://www.charleyproject.org/cases/m/marquez_amalia.html The Charley Project]</ref>
 
=== Chacmools ===