Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: zh-min-nan:Jean-Paul Marat
с Бот менува: филозоф... -> философ...
Ред 38:
 
 
Жан Пол Мара е роден во Будри, Швајцарија, на 24-ти мај 1743-та година, како дете на незабележлива Сардиниска фамилија. Добива диплома на медицина во Свети Андреевиот колеџ и патува низ Европа подолго време, работејќи како доктор и научник во неколку Европски градови. Тоа време владее 8 јазици: англиски, италијански, португалски, шпански, холандски, германски, грчки и латински. Тој најпосле утврдува постојана практика во Лондон, во 1770-та, каде работи за аристократијата и повисоката средна класа и се заинтересирува во научни експерименти на светлина, електрицитет и оган. Бидува прилично познат уште пред Револуцијата како физичар, кому англиската влада доделува награда за еден негов пронајдок во областа на енергетиката. Несебичен и до крајности чесен, Мара повеќе го ценел производствениот труд на научниците одошто богатството и славата. Меѓутоа и пред Револуцијата живо се занимавал со политичките прашања. 1773-та година го штампа во Англија својот труд ,,Оковите на ропството‘‘, во кое укажувал на недостатоците на англискиот устав, на кралската власт која го упропастувала народот и на поткупливиот парламент. Тој исто така пишува неколку филозофскифилософски есеи, меѓу кои ,,Есеј за човечката душа‘‘ и ,,Филозофски есеј за човекот‘‘. Во 1777-ма постанува официјален медицински доктор на Комт д‘Артуа, брат на Луј XVI. Се мисли дека тоа време имал афера со Теруањ де Мерикур и дека тоа е поради што тој ја спасува од напад од непријателската толпа во 1793, меѓутоа таков нагиб е далеку веројатен. Маратовиот отворен бес спрема власта (на која тој не верувал дека ќе му даде респект што неговиот интелект го бара бидејќи тие {од власта} биле во конспирација против него) бил распламтен со забраната за реиздавање на неговиот ,,План за Кривично законодавство‘‘ и неуспехот да биде избран за член на Академијата на науките. Спроти Револуцијата, 1788, бидува без пари и верува дека целиот негов живот ќе биде неуспех што ќе се должи на злобните конспирации на другите. Годината кога Револуцијата избувнува ги напишува последната воља и тестаментот.
 
Револуцијата ги сменува нештата за Мара исто како и за неговите други колеги. Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L'Ami du Peuple‘‘ кој бил мошне радикален за тоа време, но наскоро бидува пригушен од вулгарноста и насилството на Ебертовиот ,,Pere Duchesne‘‘. Маратовиот весник ,,L'Ami du Peuple‘‘ ја будел работничката совест, потстрекнувал револуционерна енергија, вметнувал лозинки, ги формулирал народните барања.