Битка кај Мурса: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pl:Bitwa pod Mursą
с Бот менува: се додека -> сè додека
Ред 24:
Војската на Константиј II била речиси двојно поголема од таа на противникот, а имала преднос во тешката коњница и стрелците со лакови. Константиј II наредил на лесната коњаница да заоколи левиот фланг на Магнетиј, а тешката со фронтална атака ги растурила галските легиони. По долга борба десното крило на Магнетиј било прегазено од непријателската коњаница и неговите легиони се повлекле. Борбата била мошне жестока со огромни загуби и за двете страни. Завршила со катастрофален пораз на Магнетиј. Според историчарот [[Зонара]], Магнетиј загубил 2/3 од својата војска, а Константиј II половината со општ број на жртвите повеќе од 54,000 луѓе. Таа е една од најкрвавите битки во римската историја.
 
Освен борба за власт битката имала и религиозно значење. Магнетиј востановил некои од одземените права на паганите, сесè додека Константиј II бил упорен заштитник на христијанството и ги бркал паганските религии. Веднаш по крајот на битката Константиј II отишол да се моли во блиска гробница на христијански маченик. Епископот на Мурса, Валент, му кажал дека еден ангел му јавил веста за победата.
 
Две години по битката Магнетиј бил конечно поразен и извршил самоубиство.