Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот менува: сé -> сè
Ред 5:
 
== Биографија ==
Роден е во населбата [[Галата]], денешен Каракој во [[Истанбул]] на 30 октомври 1762, како трет син на Луј де Шение, офицер во Француската амбасада во Истанбул. Неговата мајка е гркинка, Елизабета Санти л’Омака (чија сестра била баба на [[Адолф Тјер]]), позната по својата убавина и духовитост. Проведувајќи го своето детство на југот на Франција со тетка си, Андре се придружува на мајка си во [[Париз]], каде таа се преселува во [[1773]]. Сеуште во своето момчештво, тој станува огнен почитувач на сéсè што е поврзано со јазикот и цивилизацијата на [[Стара Грција]]. Неговата вродена треска кон знаењето е стимулирана уште повеќе на средбите со големите уметници и интелектуалци кои тој ги запознава на приемите во нивниот салон организирани од неговата мајка.
 
Сосема предвидливо, Шение го мрази гарнизонскиот живот во [[Стразбур]], каде е стациониран полкот кон кој му се приклучува во [[1782]] како благородник-кадет. Војнички живот издржува само шест месеци, враќајќи се во Париз. Наредните три години ги поминува во налудничаво и огнено пишување, комплетно подржан од неговото семејство; тогаш настануваат познатите [[идили]] и [[пасторали]], вдахновени од античките вредности, под влијанието на [[Теокрит]], [[Бион]], и патувањата во [[Неапол]] и [[Помпеја]]. Во овој период се напишани, или во најмала рака скицирани ''Слепецот'', ''Болната Млада'', ''Бахус'', ''Ефрозина'' и ''Младата Тарантинка''. И покрај тоа што многу твори, сепак, ништо не објавува. Во [[ноември]] [[1787]] година му се укажува прилика да замине како конзул во [[Лондон]], која тој ја прифаќа, но воопшто не е среќен во главниот град на [[Англија]]. Можеби многу повеќе е заинтересиран за творештвото на [[Џон Милтон]] или [[Џемс Томсон]], а најповеќе од она на [[Шекспир]], кое остава печат и врз неговиот израз. Привлечен од револуционерните настани кои веќе се одвивале во [[Франција]], тој повеќе не може да издржи во Лондон и се враќа во Париз, во [[1790]], затекувајќи ја својата земја на работ на анархија. Станува член на „Општеството ’89“, умереното крило на револуционерната партија, држи говори во клубот [[Фејани]], објавува статии во ''Журнал де Пари'', почнувајќи ја својата кратка кариера како политички новинар; се бори со елоквенција против анархијата, неправдата и тиранијата. По затворањето на [[Луј XVI]], тој чувствува дека одбраната на принципите на [[Револуцијата]] во рамките на умереноста, законот и редот се утописка драма и, со горчливо разочарување, решава да се повлече од јавниот живот. Го напушта Париз извесно време, но, премногу фасциниран од политичките случувања, не може да се воздржи, а да не се врати повторно назад – што било фатална одлука.