Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Infobox Scientist
с Бот менува: се додека -> сè додека
Ред 47:
 
== Придонесот во невропсихологијата ==
Во годините пред Втората светска војна, Лурија главно работел на полето на [[невропсихологија]]та во невролошката клиника при Државниот институт за експериментална медицина. Работејќи со најразлични невролошки и неврохируршки случаи, Лурија прво го развил својот личен, креативен, детективски пристап кон невролошките дијагнози кој вклучува трагање по оштетените психолошки способности во рамки на функционалните психолошки системи. Пристапот на Лурија кон невропсихолошките дијагнози бил квалитативен по природа и користел мноштво ‘едноставни’ задачи за пациентот сесè додека не се идентификувал некој заеднички дефектен когнитивен фактор кој укажувал на оштетениот церебрален регион. Доста го заинтересирала и церебралната организација на говорните механизми како и ефектите од афазијата врз волевите акции.
 
Како што војната напредувала, Лурија бил повикан да организира рехабилитациона болница во јужен [[Урал]]. Реновираниот [[санаториум]] се претворил во специјализирана рехабилитациона установа за војниците кои се опоравувале од дисфункциите предизвикани од мозочните повреди. Напоредно со медицинскиот и рехабилитациониот третман кој го добивале таму, Лурија особено се интересирал за рехабилитација на менталните активности кај пациентите со локализирано мозочно оштетување и ја применувал неговата теорија за динамска, системска локализација на вишите психолошки функции. Наспроти тесните локализационистички и неспецифични еквипотенционалистички теории за церебрална организација, системската теорија на Лурија тврдела дека вишите ментални функции треба да се поимаат како функционални системи на различни мозочни региони кои работат заедно со цел да се извршат социјално детерминираните активности. Лурија бил еден од првите психолози во светот кој се обидел да ги интегрира водечките невропсихолошки гледишта и многу го сметаат за основач на невропсихологијата во [[Советскиот Сојуз]]. На крајот од војната, Лурија се вратил во неврохируршкиот институт Бурденко и почнал да држи часови на московскиот државен универзитет со кој бил во близок контакт до крајот на својот живот.