Синапсиди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
 
Синапсидите биле доминантните копнени животни во средниот и доцен [[перм]]. Како и со речиси сите тогаш постоечки групи, нивните бројност и разновидност биле значително редуцирани за време на [[Пермска екстинкција|пермската екстинкција]]. Некои видови преживеале и во [[тријас]], но [[архосаури|архосаурите]] набрзо станале доминантни животни, при што неколку од немамалиските синапсиди го надминале тријас, иако имало преживеани видови и во [[креда]]. Но, тие ги вклучувале и праисториските предци на цицачите, па затоа синапсидите се сè уште современа класа на ‘рбетници. Синапсидите, денес (особено луѓето) повторно се доминантни копнени животни по надминувањето на птиците при [[Креда-тријаска екстинкција|К-Т екстинкцијата]].
 
== Линеовска и кладистичка дефиниција за синапсиди ==
 
=== Синапсидите како класа на влечуги ===
 
Синапсидите најпрво биле дефинирани при крајот на 20 век како една од четирите главни поткласи на влечуги, сето тоа врз основа на нивните различни слепоочни отвори. Овие отвори во лицевата коска дозволиле прикачување за поголеми вилични мускули, а со тоа поефикасно загризување. За синапсидите се сметало дека биле линија на влечуги која довела до цицачите преку постепено еволуирање на мамалиски особини, па оттука доаѓа и името "цицачовидни влечуги" кое станало традиционален опис за сите немамалиски синапсиди.<ref name=Carroll397/><ref name=Benton122/>
 
=== "Цицачовидните влечуги" ===
 
Традиционалната класификација на синапсидите како влечуги е продолжена од страна на некои палеонтолози (на пример Carroll 1988, Colbert & Morales 2001) и во општата [[биологија]]. Во [[1990|1990-тите]], овој пристап бил пропратен со кладистички според која единствени валидни групи се оние кои ги вклучуваат во себе заедничките претци и сите нивни потомци: овие се познати како монофилетски групи или клади. Бидејќи цицачите директно потекнале од синапсидите, тие се вклучени во ''Synapsida'' како клада, иако во формалните класификации цицачите се третираат како одделна класа која еволуирала од (парафилетички дефинираната група) ''Synapsida''.
 
== Наводи ==