Народни носии од Мариово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LBakraceski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Во селата од изолираниот планински предел Мариово, машката носија, составена од бројни бели клашнени облеки, ги има сите карактеристики на изразито планинско - сточарска носија. Под кошулата од бело дебело домашно ткаено платно се носи аба, а врз неа џамадан од клашна. На нозете се носат бели клашнени ѕиври - ногавици од бела клашна кои се придржуваат за појасот со волнени врвци; бели ажурно плетени чорапи со подвески - тесни појасчиња за придржување на чорапите под колената и [[опинци]] од говедска кожа. Се опашуваат со волнен ткаен појас - кемер врз кој се носи ремен од кожа.
 
Зимската облека е гуна од бела или црна клашна, безракавна, долга до колена, со специфични украси. Сакма од дебела валана волнено - козинена ткаенина е типично сточарска облека на овчарите.