Разлика помеѓу преработките на „Битка за Британија“

Додадени 1.019 бајти ,  пред 11 година
нема опис на уредувањето
с
Со нова жестина Луфтвафе започнала напади над самиот Лондон а тоа бил и еден од најкритичните моменти во текот на битката за Британија. На 7 септември околу пладне започнале да пристигаат бранови од авиони со кукасти крстови и да исфрлаат тешки бомби на највиталните делови на англиската претстолница. Бомбардирањето продолжило и во текот на ноќта. Разорнувањата биле огромни а загинале околу 400 и ранети околу 1500 луѓе. Едед од најголемите напади над Лондон бил одигран во ноќта на 15 септември кога градот го нападнале повеќе од 1000 германски авиони. Британската одбрана дејствувала многу храбро, одлучно и прецизно. Посебно лесно излегувале на крај со авионите за обрушување Ју-87 попознати како Штуки. Недостатокот на брзина во текот на искачување и слабите маневарски способности ги правеле штуките немоќни пред брзите спидфајтери и добро вооружените харикени. Луфтвафе во текот на ноќта на 15 септември изгубила 60 а РАФ - 26 авиони.
Овој неуспех ја натерало германската команда да се ориентира на ноќните напади на другите поголеми градови и големи индустриски објекти. Со нападаот на историскиот град Ковентри во кој се наоѓале неколку фабрики за авиони и машини, како и низа други индустриски објекти започнува третата етапа на воздушните напади на 14 и 15 ноември. Во неа биле ангажирани околу 500 германски бомбардери кои 10 часа непрекинато бомбардирале. Во градот Ковентри загинале 550 луѓе а околу 860 биле ранети. Покрај Ковентри, во третата фаза на нападите биле бомбардирани и Лондон, Бирмиген, Ливерпул, Саутемптон, Бристол, Плимут, Манчестер, Нотингем, Лидс, Шефилд, Глазгов и др.
Поаѓајќи од фебруари 1941 година значително е смален интензитетот на бомбардирања, а во текот на втората половина од април и почетокот на мај во три обиди Луфтвафе превземаше масовни напади над Лондон. Ови последни помбардирања имале делумно за цел дезинформативен карактер, за да се остави впечаток дека се започнува со операцијата Морски Лав а со кој се прикривала операцијата Барбароса т.е. престојниот напад на Советскиот Сојуз. Веќе во втората половина на мај 1941 масовните бомбардирања на Англија практично биле прекинати.
Според податоците кои ги дава историчарот Лидл Харт. германските авиони срушиле околу милион стамбени и многу јавни згради во Британија. Од бомбардирањата загинале околу 40000 а ранети околу 46000 луѓе. Меѓутоа индустриските постројки биле добро бранети, така да во таа облааст немало значителни разорнувања. На Англија биле фрлени околу 60000 тони бомби. РАФ изгубил 915 борбени авиони а Луфтвафе останала без свои 1733 летала.
54

уредувања