Разлика помеѓу преработките на „Битка за Британија“

Додадени 5.837 бајти ,  пред 11 година
с
нема опис на уредувањето
с
с
На чело на британското воздухопловство (RAF-Royal Air Force) се наоѓал Хју Даунинг, кој под своја команда имал 4 групи на ловечки авиони односно 60 ескадрили. Во моментот кога Германија го завземала Дернек (4 јуни), Британија имала 446 исправни ловци а 11 август истата година веќе 704 вакви летала. Еден од најдобрите британски ловечки авион бил "спитфајтер" кој по вооружувањето и маневарските способности ги надминувал германските ловци.
Веќе во летото 1940 година Британија долж целиот источен брег имала поставено низа од радарски станици за брзо откривање на германските авиони што дало голем придонес во самиот исход на битката. Исто така за одбрана од воздух се користени и околу 2000 против воздушни топови и 3000 против авионски митралези како и околу 1500 преградни балони - аеростати. Иако неусовршени, тогашните радарски ситеми биле во состојба да регистрираат летала дури на далечина од 160 км, па тоа во голема мерка ги спречувало изненадните напади на која што посебно водела сметка германската команда.
Во првата етапа на воздушната битка за Британија (13 август - 6 септември), Луфтвафе напаѓала непосредно на британските ловечки авиони, аеродроми, радарски уреди и командни центри. Синовите на Гордиот Албион од првите денови успешно се бранеле. Најголемата воздушна битка се одиграла на 15 август. Тој ден германските абомбардери извршиле 520, а ловците 1270 борбени летови. Пилотите на маршалот Даунинг давале многу силен отпор на напаѓачите. Во битката учествувале 22 британски ескадрили, кои извршиле 899 борбени летови. Наоѓајќи се во вистинско осило од британски ловци, и под урнебесен огин од против авионски топови и митролези, германските бомбардери нанеле минимална штета над објектите а за возврат претрпеле огромна штета. Луфтвафе останала без 76 летала додека британците изгубиле само 34 ловци. Следниот ден во напад биле околу 400 германски бомбардери и околу 1320 ловци. Тие направиле доста големи разурнувања но 45 од своите авиони не се вратиле во своите бази.
Секако летањето над британското небо за Германија не претставувал туристички излет, за што најдобро кажуваат податоците за загубата во водушните битки помеѓу Luftwafe и RAF, па така до 18 август 1940 година германците останале без 367 борбени авиони, а Британија без 213.
Со нова жестина Луфтвафе започнала напади над самиот Лондон а тоа бил и еден од најкритичните моменти во текот на битката за Британија. На 7 септември околу пладне започнале да пристигаат бранови од авиони со кукасти крстови и да исфрлаат тешки бомби на највиталните делови на англиската претстолница. Бомбардирањето продолжило и во текот на ноќта. Разорнувањата биле огромни а загинале околу 400 и ранети околу 1500 луѓе. Едед од најголемите напади над Лондон бил одигран во ноќта на 15 септември кога градот го нападнале повеќе од 1000 германски авиони. Британската одбрана дејствувала многу храбро, одлучно и прецизно. Посебно лесно излегувале на крај со авионите за обрушување Ју-87 попознати како Штуки. Недостатокот на брзина во текот на искачување и слабите маневарски способности ги правеле штуките немоќни пред брзите спидфајтери и добро вооружените харикени. Луфтвафе во текот на ноќта на 15 септември изгубила 60 а РАФ - 26 авиони.
Овој неуспех ја натерало германската команда да се ориентира на ноќните напади на другите поголеми градови и големи индустриски објекти. Со нападаот на историскиот град Ковентри во кој се наоѓале неколку фабрики за авиони и машини, како и низа други индустриски објекти започнува третата етапа на воздушните напади на 14 и 15 ноември. Во неа биле ангажирани околу 500 германски бомбардери кои 10 часа непрекинато бомбардирале. Во градот Ковентри загинале 550 луѓе а околу 860 биле ранети. Покрај Ковентри, во третата фаза на нападите биле бомбардирани и Лондон, Бирмиген, Ливерпул, Саутемптон, Бристол, Плимут, Манчестер, Нотингем, Лидс, Шефилд, Глазгов и др.
Поаѓајќи од фебруари 1941 година значително е смален интензитетот на бомбардирања, а во текот на втората половина од април и почетокот на мај во три обиди Луфтвафе превземаше масовни напади над Лондон. Ови последни помбардирања имале делумно за цел дезинформативен карактер, за да се остави впечаток дека се започнува со операцијата Морски Лав а со кој се прикривала операцијата Барбароса.
54

уредувања